Македонија
Џафери се сретна со јапонската амбасадорка Кеико Ханеда
На денешната проштална средба со амбасадорката на Кралството Јапонија во нашата земја, Кеико Ханеда, претседателот на Собранието, Талат Џафери, изрази задоволство од досегашната соработка со јапонската амбасада, односно со првиот резидентен амбасадор, Ханеда, и нагласи дека очекува во наредниот период да продолжи оваа соработка и со новиот амбасадор, со што ќе продолжи трендот на јакнење на политичките и економските релации меѓу двете земји.
Тоа ќе резултира со зголемување на јапонските инвестиции и интензивирање на соработката во областа на медицината, туризмот, културата и други области.
„Во овој период пред нас се три големи приоритети. Очекуваме во декември оваа година отворање на пристапните преговори со ЕУ, борба со епидемијата предизвикана од Ковид19, како и справување со последиците по економијата предизвикани од оваа пандемија, и јас очекувам дека успешно ќе се справиме со овие предизвици“, нагласи претседателот Џафери.
Јапонската амбасадорка, Кеико Ханеда, го потенцира своето задоволство од досегашниот престој во нашата земја во овие три години во својство на амбасадорка на Јапонија и изрази уверување дека соработката со македонското Собрание ќе продолжи и со нејзиниот наследник на највисоко ниво и во таа насока, упати благодарност за досегашната соработка и комуникација меѓу Амбасадата на Јапонија и Собранието на Република Северна Македонија, како и со парламентарната група за соработка. Исто така, амбасадорката констатира дека во овие три години се случија многу добри и позитивни настани во Република Северна Македонија, како што се полноправното членство во НАТО и датумот за почеток на преговорите со ЕУ и, изрази очекување дека претседателот Џафери и во наредниот период ќе продолжи успешно да го води Собранието и да се справува со предизвиците.
На крајот, и двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и јапонската амбасада ќе продолжи како и досега на највисоко ниво.
.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

