Спорт
Среде натпревар замина во тоалет
Интересен момент го обележа дуелот помеѓу Тотенхем и Челси во Лига-купот. Во финишот на натпреварот, во 78. минута, Ерик Даер го напушти теренот и замина во тоалет. Во моментот кога тој се упати кон соблекувалната, по него тргна менаџерот Жозе Мурињо.
Jose Mourinho was NOT happy when Eric Dier ran to the toilet during the match ?
So he ran after him! ?#TOTCHE
? @DAZN_CA pic.twitter.com/WBaEn2hK11
— Goal (@goal) September 29, 2020
По мечот, Даер рекол дека Мурињо не бил задоволен од она што се случило.
„Мислам дека не сите им беше јасно зошто го напуштив теренот. Кога мораш, тогаш мораш. Слушнав дека имаа шанса додека не бев на теренот, за среќа, не постигнаа гол. Некои работи, едноставно, не можеш да ги запреш“, рекол фудбалерот на Тотенхем.
“When you’ve gotta go, you’ve gotta go!”
?️ @ericdier ?#THFC ⚪️ #COYS pic.twitter.com/dvXeeFqhQh
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) September 29, 2020
Кога Даер се врати на теренот, Ерик Ламела го израмни резултатот на 1:1. Подоцна, Тотенхем во пенал-рулетот победи со 5:4. Првиот гол за Тотенхем во пенал-серијата го постигна Даер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

