Контакт

Општество

Нови кампањи за поголема безбедност во сообраќајот, дури 85 отсто возеле по консумирање алкохол

Објавено пред

Одговорното учество и подигнување на културата на сите учесници во сообраќајот, како директен фактор кој влијае врз намалување на бројот на сообраќајни незгоди, претстаува императив за секоја земја, беше заклучено во сабота на промоцијата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) на двете нови кампањи. 

dobivaj vesti na viber

Покрај најавата на двете кампањи, на прес-конференцијата Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, ги презнетираше дел од статистичките податоци, кои се однесуваат на непочитување на сообраќајните правила и прописи, добиени од истражувања на РСБСП, како и статистички податоци за случени сообраќајни незгоди во изминатиот период .

Според истражувањето што го направиле од РСБСП, загружувачки се податоците за следните прекршоци: 85 отсто од испитаниците одговориле дека управувале со моторно возило под дејство на алкохол, 86 отсто ја пречекориле максималано-дозволената брзина, додека 63 проценти од испитаниците изјавиле дека користат мобилен телефон додека управуваат со моторно возило.

Новите трендови носат и нови ризици во управувањето со моторно возило и како резултат на сите истражувања направени минатиов период, заклучуваат во РСБСП и во таа цел промовираа две нови кампањи.

Првата кампања е насочена кон едукација на учесниците за штетните последици од користење мобилен телефон додека управуваат со моторно возило.

„Идејата е да ја подигнеме свеста кај возачите, односно да им укажеме дека и со мало невнимание при праќање порака или остварување повик, постои голем ризик од сообраќајна незгода”, рече претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски.

Втората кампања има цел преку реални примери од сообраќајни незгоди и лични судбини да ја подигне свеста за штетните последици од возењето со зголемена брзина и возењето под дејство на алкохол.

„Имено, преку траорни слики и текстови, кои отсликуваат реални примери, настојуваме да го предизвикаме вниманието и да ја разбудиме свеста за поодговорно учество во сообраќајот кај сите учесници“, посочи Стаменковски.Двете кампањи ќе бидат комуницирани преку билборди, реклами на социјалните медиуми, постери и флаери. Паралелно со ова ќе се реализираат низа едукативни настани, предавања и други превентивни и едукативни теренски акции, кои ќе ја доближат темата до сите учесници во сообраќајот.

Важноста на темите што ги опфаќааат кампањите е навистина голема. Затоа истите ќе се реализираат во период од шест месеци.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, ги повикува сите надлежни институции да се вклучат во овие кампањи. Истовремено, испрати апел до МВР поактивно и бескопромисно да продолжи да ги санкционира сите прекршители на Законот, а учесниците во сообраќајот да го преземат својот дел од одговорноста.

Според презентираните статистички податоци, минатата 2015 година во сообраќајните несреќи низ земјата живото го загубиле 148 лица. Тоа е пораст од претходната 2014-та кога се регистрирани 130 смртни случаи, кога е регистриран значителен пад на трагичниот епилог од сообраќајните несреќи во однос на претходната 2013 година – 198. Кога станува збор за смртни случаи на самото место на сообраќајната незгода, мината година се регистрирани 135 жртви, наспроти 115 претходната 2014 година.

Што се однесува до бројот повредени лица во сообраќајните несреќи, минатата година е забележан благо пораст, односно во 2015-та година имало 3.737 а година дена претходно 3.719 повредени. Благо, пак, е намален и бројот вкупно поведени учесници во сообраќајот, односно 5.913 во 2015-та наспроти 6.056 во 2014 година.

Во првиот квартал од годинава 2016-та е забележан значителен пораст на загинатите лица во однос на претходните две, односно 35 лица починале како последица на сообраќајни несреќи во периодот од јануари до март. Тој трагичен показател за претходните две години (2015 и 2014) изнесува 23 односно 24, жртви, додека во првите три месеца од 2013 година биле регистрирани 41 жртва во сообраќајни инциденти.

Според видот на сообраќајните несреќи во 20156 година најбројни се оние меѓу возило и возило – 1.916, потоа возило со пешак – 984 несреќи, излетување на возило од коловозот – 530 несреќи.

Статистиката покажува и дека во првото тримесечје од 2016-та се регистрирани 31.591 изречени санкции од страна на Министерството за внатрешни работи поради прекршоци во сообраќајот, додека за целата 2015 година таа бројка изнесувала 97.428 санкции./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет14 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион15 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија17 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет19 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија21 час

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија23 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет2 дена

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија2 дена

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија2 дена

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија2 дена

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет2 дена

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија2 дена

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 дена

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Регион2 дена

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија3 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија3 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет3 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија3 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...