Спорт
Погба со магичен гол, „ѓаволите“ сигурни во Брајтон

„Репризата“ на неверојатниот меч од Премиер лигата меѓу Брајтон и Манчестер јунајтед (кој заврши со 3:2 победа на „ѓаволите“ во драматични околности), не донесе толку голема неизвесност, откако Јунајтед со 3:0 победија на „Ејмекс“ за пласман во четвртфиналето на Англискиот лига куп.
Скот Мектоминеј во 44. минута го „разбуди“ дотогаш досадниот меч, пред Хуан Мата (73. минута) и Пол Погба (80. минута) да ја осигураат сигурната победа.
Во четврт-финалето се и нивните градски ривали, Манчестер сити по 3:0 победата кај Барнли со головите на Рахим Стерлинг (2) и Феран Торес, како и Евертон, кој со 4:1 го „уништи“ Вест хем благодарение на хет-трикот на Доминик Калверт-Луин. Њукасл имаше потешка задача, откако прво даде гол во финишот на мечот, а потоа на пенали со 5:4 ги помина Њупорт каунти.
ЕФЛ КУП, 1/8 ФИНАЛЕ
Њупорт – Њукасл 1:1, 4:5 на пенали
Барнли – Манчестер сити 0:3
Брајтон – Манчестер јунајтед 0:3
Евертон – Вест хем 4:1
БРАЈТОН – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
ЊУПОРТ – ЊУКАСЛ
БАРНЛИ – МАНЧЕСТЕР СИТИ
ЕВЕРТОН – ВЕСТ ХЕМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хамилтон: Не измислувајте приказни дека ќе се пензионирам

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, изјави дека не планира да се пензионира и дека очекува да остане во Формула 1 уште неколку години.
Седумкратниот светски шампион го освои шестото место на претходната трка во Шпанија, со што го продолжи лошиот старт во италијанскиот тим.
На барање на тимот, мораше да го пропушти клупскиот колега Шарл Леклер, а Нико Хулкенберг успеа да го престигне во последните кругови. Тој моментално има 23 поени помалку од Леклер во генералниот пласман, а дури 115 помалку од лидерот Оскар Пјастри.
Сепак, 40-годишниот Хамилтон рече дека неговата приказна во Ферари штотуку започнала и дека нема планови да се пензионира наскоро.
„Не се сомневам дека ќе продолжам да се натпреварувам во наредните години, поради што би ги замолил медиумите да не измислуваат приказни за моето пензионирање. Јас штотуку ја започнав мојата приказна тука и ќе имам уште многу трки со овој тим“, рече Хамилтон.
Викендов шампионатот во Формула 1 продолжува со Голамата награда на Канада. Вечерва од 22 часот на програмата се квалификациите, а трката се вози в недела од 20 часот.
Спорт
„Интер беа многу арогантни, поради тоа примија пет гола од ПСЖ“

Тренерот на Олимпик Марсеј, Италијанецот Роберто де Зерби, во изјава за италијанските медиуми даде свое мислење за дебаклот на Интер од ПСЖ (0:5) во финалето во Лигата на шампионите.
Де Зерби бил гостин во подкастото „Супернова“ на радио водителот Алесандро Кателано. Тренерот на Марсеј смета дека Интер премногу аригантно влегол во дуелот со ПСЖ.
„Интер е одличен тим, а Инзаги е одличен тренер и навистина немаше причина да загубат со пет гола разлика. Мислам дека проблемот е што италијанскиот фудбал не го запозна ПСЖ многу добро, имаше тука многу ароганција“, вели Де Зерби.
Де Зерби е некој што многу добро го познава ПСЖ, сите квалитети и слабости на тимот, кои не се непознати за другите тренери, па затоа беше изненаден што Интер не направил добро скаутирање на деталите од играта на францускиот тим.
„Тие не знаеја, на пример, дека ПСЖ почнува од центарот како во рагби, или дека Дембеле постојано се демне на работ од шеснаесетникот, или дека Дуе е талент на ниво на Јамал, иако не е до таа мера одлучувачки фактор. Тие не сфатија дека Витиња сега е веројатно најдобриот играч од средниот ред во светот, не го проценија добро квалитетот на Невеш. Во Италија, никој не напиша ниту еден ред за второто место на мојот Марсеј и ја игнорираа Лига 1, која е многу тешка. Лил беше во осминафиналето во Лигата на шампионите, Брест беше веднаш под ПСЖ, Монако со играч помалку загуби од Интер, истиот тој Монако ја победиБарселона. Можете да видите што се случи со Италија во Норвешка“, алудираше тој на уште еден дебакл на италијанскиот фудбал, во овој случај на националниот тим.
Спорт
Гундоган во Галатасарај, Антони во Фенербахче, Ангиса во Бешикташ

Најпопуларните турски клубови, големите ривали од Истанбул: Галатасарај, Фенербахче и Бешикташ исклучително се активни во преодниот рок.
Галатасарај, освојувач на дуплата круна, постигнал договор со искусниот Илкај Гундоган. Во следните неколку дена ќе потпише едногодишен договор по медицинските прегледи, ќе заработи пет милиони евра.
Поранешниот германски репрезентативец минатата сезона играше за Манчестер сити, реши да замине во Турција откако клубот не му понуди нов договор.
Бразилецот Ентони се врати во Манчестер Јунајтед од Бетис, каде што блескаше, но според англиските медиуми, тој нема да се задржи на „Олд Трафорд“. Бразилскиот офанзивен играч за врска ќе ја помине следната година на позајмица во Фенербахче како играч на „црвените ѓаволи“. Договорот меѓу двата клуба е постигнат, а финализирањето се очекува во следните неколку дена.
Еден од клучните играчи на Антонио Конте во походот на шампионската титула во Серија А, Франк Ангиса го напушти Наполи. Ангиса му се приклучи на Бешикташ.
„Црно-белите“ од Истанбул за трансферот на Ангиса издвоија 10 милиони евра, Наполи преку бунусите може да инкасира уште два милиони евра.