Црна хроника
Загина рудар од Прилеп
Едно лице вработен во рудникот за мермер „Бела Пола“ во прилепското село Небрегово загина во петокот попладне на работното место, соопшти во саботата МВР.
Станува збор за 43-годишниот Влатко М. (43) од Прилеп вработен на работно место – ракувач со самоодна дупчалка во рудникот.Тој работел на етажа, качен на ламела висока 9 метри, а бил пронајден под дупчалката, додека истата сеуште работела. Од страна на доктор од Брза помош констатирана е смрт, а увид на лице место извршила увидна екипа од ПС-Прилеп.Телото на починатиот е предадено на обдукција. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Градоначалник трошел општински пари за време на избори, доби кривична пријава
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против градоначалник на една општина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – противзаконито располагање со буџетски средства за време на избори, по член 165-в од Кривичниот законик, информираат од МВР.
„Пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195.000 денари согласно програмата за мерките и активностите на општината во областа на социјална заштита од буџетски средства за 2019 година. Имено, пријавениот ги извршил исплатите на 15.02.2019, 18.03.2019 и 12.04 2019, односно во период кога се распишани претседателските избори 2019 година, со што постапил спротивно на член 8-а став 1 алинеја 2 од Изборниот законик и член 34 став 1 алинеја 2 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси“, се вели во соопштението.
Црна хроника
Полицијата казнува: Во Скопје се вози под алкохол, без возачка и се минува на црвено
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 21 санкција, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за користење мобилен телефон при возење.
Изречени се пет мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за возење под дејство на алкохол…
Црна хроника
71-годишен возач на трактор заврши во болница со тешки повреди
Вчера во 12.16 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Новаци, Битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(50) од Кавадарци и трактор со приклучна земјоделска работна машина со битолски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(71) од с.Новаци, Битолско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот констатирани во Клиничка Болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа на СБР Битола.