Спорт
Секој месец 100.000 денари од типстер-купот на „Спорт лајф“ 2020/2021
Од денес, 1 октомври, почнува новата сезона 2020/2021 на типстер-купот на обложувачниците „Спорт лајф“. Овој долгогодишен натпревар секоја сезона носи новини и вредни премии за најдобрите типувачи во спортот. Оваа година натпреварот ќе се одвива во 8 месечни етапи од 1 октомври до 31 мај 2021 година и ќе ги опфати сите тикети на обложувачите кои се уплатени со приложување на СЛ-клуб картичката, но и е-тикетите на онлајн обложувачите кои имаат регистриран кориснички профил на вебсајтот на Sport Life.
Воедно, оваа сезона главната премија ќе биде доделувана секој месец во текот на натпреварот, односно секој месец ќе бидат доделувани по 100.000 денари за освоено прво место, 50.000 денари за освоено второ место и 20.000 денари за трето место. Натпреварот нуди дополнителна возбуда, на ниво на секоја обложувачница за најдобрите 10 типувачи следуваат подарок вредносни ваучери за игра. И оваа година, играчите ќе се рангираат според освоените поени пресметани врз основа на коефициентите на погодените мечеви и уплатените износи независно дали тикетот е добитен или не.
Обложувачите ги очекуваат интересни спортски мечеви од разни области на спортот како и над 800 видови на игри на „Спорт лајф“. Сѐ што е потребно е да бидат регистрирани во СЛ клубот и да учествуваат во новата сезона на Типстер купот. На тој начин ги очекува титулата ТИПСТЕР НА МЕСЕЦОТ и премијата од 100.000 денари!
Овој натпревар е награда за лојалноста на играчите на Sport Life, кои како редовни членови на SL клубот имаат право на учество во игрите на Sport Life и можност да освојат бројни дополнителни подароци и ваучери за игра.
Повеќе информации за натпреварот можете да најдете на следниот линк .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Хојлунд го реши Кремонезе
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, повторно беше стартер за Наполи, Во Кремона, Наполитанците славеа над Кремонезе 2:0. Елмас одигра просечен натпревар, беше заменет со Ноа Ланг в 51-та минута.
Натпреварот во Кремона мина во знакот на Расмус Хојлунд. Данецот, кој сезонава игра како позајмен играч од Манчестер Јунајтед ги постигна двата гола.
Наполи рутински го победи Кремонезе. Победата ја најави Хојлунд во 13-та минута, а истиот играч ја потврфи на истекот на првото полувреме.
По се уште некомплетното 17-то коло, Наполи е втор со 34 бода, иеден помалку од лидерот Милан. Интер е трет со 33 и натпревар помалку. Кремонезе се наоѓа на 12-то место со 21 бод.
Foto/ depositphotos
Спорт
Дефанзивецот на Сити на радарот на Барселона
Фудбалерот на Манчестер Сити, Нејтан Аке, е на „радарот“ на Барселона.
Каталонците влегуваат во зимскиот преоден рок со приоритет да ја стабилизираат дефанзивната линија.
Барселона мора да биде активна на пазарот, поради повредата на Андреас Кристенсен, на кого му се прогнозира долга пауза, но и поради отсуството на Роналд Араухо, за кого нема најави кога би можел да им се приклучи на соиграчите.
Според каталонскиот весник „Спорт“, Барселона во холандскиот репрезентативец гледа профил кој речиси совршено одговара на моменталните потреби на клубот. Разновиден играч кој може да покрие две позиции во одбраната.
Иако е дел од Манчестер Сити, Аке нема континуитет оваа сезона. Во Премиер лигата, тој започна само еден натпревар како стартер, додека акумулираше нешто повеќе од 700 минути на теренот во сите натпреварувања.
Новинарот Екрем Конур веќе потврди дека Барселона ја следи ситуацијата околу Аке, но исто така нагласи дека Манчестер Сити не е подготвен за лесни отстапки.
Од друга страна, Барселона, свесна за финансиските ограничувања, се обидува да најде пофлексибилен модел. Идеална опција за Каталонците би била позајмица со опција за откуп, по можност за шест месеци, за да се намали моменталниот финансиски притисок и да се остави простор за конечна одлука по завршуцвањето на сезоната.
Foto/ depositphotos
Спорт
Тешки денови за Иско и Бетис
Фудбалерот на Бетис, Иско, ќе мора да направи уште една долга пауза.
Ова е негова трета сериозна повреда во последните две и пол години, во кои го носи дресот на зелено-белиот клуб од Севилја.
„Има рана за која беа потребни седум конци, предизвикана од силен удар што ја му скина кожата. По ударот, се развил значителен оток низ целата нога, кој се проширил до зглобот на глуждот и предизвикал мала интраартикуларна лезија во пределот на ‘рскавицата“, објасни доктор на Бетис.
Иско се повреди на натпреварот од Лигата на Европа против Утрехт, по судир со соиграчот Амрабат.
Да ве потсетиме дека поранешниот шпански репрезентативец доживеа фрактура на фибулата во својата прва сезона во Бетис, а се повреди во втората сезона за време на пријателскиот натпревар против неговиот поранешен тим, Малага. Станува збор за нова фрактура на фибулата.
Освен за Бетис и Малага, Иско (33) во својата богата кариера играл за Валенсија, Реал Мадрид и Севилја.
За девет години во Реал, освоил сè што може да се победи.
Тој го носеше шпанскиот дрес 38 пати и постигна 12 гола.
Foto/ depositphotos

