Економија
Кузеска: Со четвртиот пакет-мерки обезбедуваме помали трошоци и нови поволни кредити за компаниите
Четвртиот пакет-мерки, вреден 470 милиони евра, донесен од Владата предводена од СДСМ, е континуитет на досегашните мерки, но содржи и нови мерки, што значат спас на работните места, поддршка на компаниите, особено на најпогодените од кризата, истакна на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Како што посочи, една од низата мерки е и зголемувањето на грејс-периодот кај бескаматните кредити од „Ковид-1“.
Со оваа мерка преку Развојната банка на постојните корисници на кредитни линии ќе им бидат обезбедени дополнителни 3 месеци грејс-период пред да почнат со исплата на ануитетите од земените кредити. Покрај одложувањето на бескаматните кредните, предвидено е и дополнително одложување на отплатата на кредитите за компаниите до крајот на годината.
Во новиот сет мерки преку Европската инвестициона банка, за поддршка на домашните компании, обезбедени се и нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка, кои ќе бидат пласирани во јануари 2021 година, со исклучително ниска камата.
Кузеска појасни дека со новиот сет мерки продолжува и намалувањето на казнената камата за јавни давачки за половина, односно од 0,03 на 0,015 % и таа ќе важи до крајот на годината.
Продолжува и мерката одложување на плаќањето аконтација на данокот на добивка. Оваа мерка предвидува одложување на плаќањето на аконтациите на данокот на добивка до март 2021 година за компании што имаат пад на приходи поголем од 40 %.
„Во време на сериозна здравствена и економска криза државата застанува зад секој граѓанин и зад секој приватен субјект кој е погоден од кризата. Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев и натаму ќе продолжи со потребната поддршка за сите. Заедно ќе ги надминеме негативните последици врз економијата предизвикани од корона-кризата“, изјави Кузеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска: Вложувањето во знаење е најсилната енергетска инвестиција – врачени сертификати на 90 професионалци во Project Management и Energy Trading”
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес свечено им ги врачи сертификатите на учесниците кои успешно ги завршија двете специјализирани обуки – Project Management и Energy Trading, реализирани со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
Преку овие програми, повеќе од 90 експерти од енергетскиот сектор стекнаа нови знаења и практични вештини во областа на управувањето со проекти, тргувањето со електрична енергија и оптимизацијата на цените – компетенции кои се клучни за понатамошниот развој на модерниот и конкурентен енергетски пазар.
Во своето обраќање, Божиновска истакна дека инвестицијата во знаење е најсилната инвестиција што може да ја направиме – не само во институциите, туку и во заедничката иднина.
„ Секое ново стекнато знаење, секоја нова вештина, значи посилен систем, посигурен енергетски пазар и поголема отпорност на предизвиците што ги носи транзицијата кон одржлива енергија,“ рече Божиновска.
Таа додаде дека обуките што ги поддржа ЕБРД се доказ дека вложувањето во луѓето е предуслов за стабилен и модерен енергетски сектор, нагласувајќи дека Министерството ќе продолжи со создавање можности за стручно усовршување и развој на домашните кадри.
„ Ќе продолжиме да инвестираме во знаењето, затоа што само така можеме да создадеме систем кој не зависи од поединци, туку од заеднички развиени капацитети, визија и професионализам,“ порача министерката.
На настанот присуствуваа претставници на ЕБРД, како и учесници од јавниот и приватниот енергетски сектор. Церемонијата се одржа во позитивна и инспиративна атмосфера, во знак на заедничката посветеност кон градење на експертски и компетентен кадар кој ќе го движи македонскиот енергетски сектор напред.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,057 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,010 ден/кг и сега ќе изнесува 36,057 ден/кг.
Економија
Страшно добра понуда од Минт кредит!
Време е за нови можности и храбри одлуки – затоа што оваа есен носи страшно добра понуда од Минт Кредит! Аплицирај онлајн за Минт Кредит до 300.000 денари и добиј финансиска поддршка токму кога ти треба, лесно и брзо со:
· -30% помали трошоци до 31.10.2025.
· Инстант одобрување за само 10 минути.
· Брз, сигурен и транспарентен процес целосно онлајн, телефонски или во една од нашите канцеларии.
Искористи ја оваа промотивна акција и добиј можност да ги оствариш своите планови без финансиски притисок. Пoпустот трае до 31.10.2025 за Минт Кредит до 300.000 мкд. Побрзај – страшно добрите понуди не траат вечно!
Аплицирај уште денес и откриј колку лесно може да биде кога си со Минт Кредит, повеќе флексибилност, помалку трошоци.
За повеќе информации контактирај не на 15 107, преку веб-страната Минт Кредит, или во една од нашите канцеларии.
(ПР)

