Свет
Двајца новинари на „Ле Монд“ сериозно повредени во азербејџанскиот напад на Нагорно-Карабах, еден во тешка состојба
Двајца новинари од францускиот весник „Ле Монд“ добија сериозни повреди кога гранати на азербејџанските сили погодија група репортери што известуваат за конфликтот меѓу Ереван и Баку за спорниот регион Нагорно-Карабах, пренесува РТ.
Новинарите работеле во Мартуни, во источниот дел на спорната територија, кога азербејџанската војска го погодила градот со воздушен напад. Двајца ерменски репортери исто така се повредени во инцидентот, а еден локален полицаец загинал.
Двајцата новинари биле итно пренесени во болница во Степанакерт – најголемиот град во Нагорно-Карабах и неговиот де факто главен град. Повикувајќи се на ерменски службеник, „Ројтерс“ објави дека еден од репортерите е во тешка состојба. Новинарите снимале цивили во Мартуни кога биле погодени.
Францускиот претседател, Емануел Макрон, рече дека центарот за кризи на Министерството за надворешни работи е мобилизиран и дека медицинскиот авион е подготвен да ги врати повредените репортери дома што е можно побргу.
„Правиме сè за да ги стабилизираме ранетите на самото место пред да дозволиме нивна евакуација“, рече францускиот лидер пред самитот на ЕУ во Брисел.
Urgent❗️: 2 reporters (citizens of #France) from @lemondefr got injured in #Martuni region of #Artsakh from #Azerbaijani bombardment. They are being transported to the hospital.
— MFA of Armenia?? (@MFAofArmenia) October 1, 2020
Во засебен инцидент автомобил, во кој се превезувала група вработени во агенцијата „Франс прес“, исто така бил погоден од азербејџанските сили, јавуваат ерменските медиуми. Новинарите успеале да излезат од возилото неповредени.
Десетици воени и цивилни жртви се пријавени од обете страни за време на петдневните интензивни борби меѓу двете јужни кавкаски држави, кои меѓусебно се обвинија дека напаѓаат цивилно население.
#Martuni Les deux journalistes du « Monde » blessés dans le Haut-Karabakh en cours d’évacuation vers Erevan puis Paris >> https://t.co/YwfGqV32I0
— Le Monde (@lemondefr) October 2, 2020
Ескалацијата на насилството е последниот екцес во деценискиот конфликт меѓу Ереван и Баку за Нагорно-Карабах, меѓународно признат дел од Азербејџан, мнозински населен со етнички Ерменци, кои бараат независност од Баку.
Неодамнешните случувања предизвикаа загриженост кај светските лидери, а Москва, Париз и Вашингтон заеднички ги повикаа двете страни веднаш да престанат со насилството и да се вратат во дипломатијата. Анкара, пак, вети целосна поддршка за својот долгогодишен сојузник Азербејџан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

