Македонија
Сопственикот на „НИКОБ обезбедување“, Кирил Лазаров, реизбран за претседател на Македонско-бугарската стопанска комора
На редовното годишно собрание одржано на 30.9.2020 повторно и со акламација е усвоен предлогот за доделување нов двегодишен мандат на старо-новиот претседател на Комората, г. Кирил Лазаров.
Во своето обраќање пред членовите на Комората и пред видни претставници од бизнис и дипломатската фела во земјата тој ја истакна важноста за интензивирање на економската соработка помеѓу двете земји, давање приоритет на почетокот со реализација на неколку круцијални и капитални проекти во делот на енергетиката, во патната и железничката инфраструктура, како и реализација на проектот за гасификација преку интерконектор од Петрич до Струмица.
Во оваа насока од членовите на управниот одбор даден му е целосен мандат и поддршка на претседателот на Комората во остварување директни билатерални и мултилатерални средби со високи политички претставници од двете земји, кои се од суштинско значење за овозможување услови за почеток со реализација на зацртаните проекти. Во дел од своето обраќање претседателот даде посебен осврт на новата реалност и економските предизвици пред кои сме соочени во услови на глобална пандемија.
„Особено значајно е во овој период да се насочат целокупната енергија и активностите во остварување на зацртаните цели, а како врвен приоритет е почетокот со реализација на крупните проекти и инвестиции во двете земји што е клучно за економскиот развој на овој регион“, изјави Лазаров.
„Охрабрува фактот дека и во услови на глобална пандемија предизивикана од Ковид-19 имаме само мал пад на трговската размена помеѓу двете земји, што преставува реален индикатор и поттик за бизнис-заедниците во двете земји економските прашања да бидат во фокусот на интерес во претстојниот период, кој е особено сензитивен и важен за двете земји“, истакна Кирил Лазаров и притоа искажа особена благодарност до присутните за укажаната чест и доверба да ја води Комората и во наредните две години.
Како дел од редовните активности во рамките на редовното годишно изборно собрание беа нотирани економските приоритети и проекти за наредниот период, а кои се дел од програмата за работа на Комората за период од една година, беа разгледани досегашните реализирани активности на Македонско-бугарската комора, а воедно беа избрани и нови членови на Управниот и Надзорниот одбор на МБСК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.
Македонија
Сали во Брисел: Билатералните прашања не смеат да го кочат европскиот пат на земјата
Во рамките на официјалната посета на Брисел, Првиот заменик-претседател и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со европратеникот Матеј Тонин (EPP) во Европскиот парламент.
За време на средбата се дискутираше за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции и за спроведувањето на клучните реформи, вклучувајќи го владеењето на правото, јавната администрација и правата на заедниците. Истакната е важноста билатералните прашања да не го попречуваат напредокот на земјата кон ЕУ.
Исто така, беше оценет постигнатиот напредок во Планот за раст и дигитализацијата на услугите, вклучително и проектот WiFi4WB и приклучувањето во SEPA, како и соработката со Претседателството на Кипар и европските партнери за решавање на предизвиците со транспортерите по воведувањето на Системот Entry/Exit.
Првиот заменик-претседател Сали повторно ја потврди посветеноста на Северна Македонија кон европскиот пат и подготвеноста за натамошно унапредување на секоја реформа со европските партнери.

