Свет
Белорусија ги отповика своите амбасадори од Полска и Летонија

Белорусија ги отповика своите амбасадори од Полска и Летонија и побара од двете земји да го намалат бројот на дипломати во нивните амбасади во Минск.
Побарано е вработените да се намалат на 18 од 50 и од 25 на 14.
Белоруското Министерство за надворешни работи претходно најави дека ќе воведе санкции против околу 300 претставници на балтичките држави – Естонија, Летонија и Литванија, како одмазда за воведувањето забрана за патување на голем број белоруски функционери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се огласија Русите: На Москва исто така ѝ се потребни веродостојни безбедносни гаранции

Русија се согласува дека секој иден мировен договор за Украина мора да обезбеди безбедносни гаранции за Киев, но на Москва исто така ѝ се потребни веродостојни безбедносни гаранции, рече Михаил Улјанов, претставник на Русија во меѓународните организации во Виена.
„Многу лидери на ЕУ нагласуваат дека идниот мировен договор треба да обезбеди сигурни безбедносни гаранции или гаранции за Украина. Русија се согласува со ова. Но, таа има еднакво право да очекува дека Москва ќе добие и ефикасни безбедносни гаранции“, напиша Улјанов на платформата Икс.
Свет
Трамп: Зеленски може да ја заврши војната речиси веднаш ако сака

Трамп се огласи на својата платформа Truth Social за да го повика украинскиот претседател да постигне договор за прекин на три и полгодишниот конфликт со Русија.
„Претседателот на Украина, Зеленски може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш ако сака, или може да продолжи да се бори. Нема враќање на Крим што го даде Обама (пред 12 години, без испукан куршум, и УКРАИНА НЕМА ДА ВЛЕЗЕ ВО НАТО. Некои работи никогаш не се менуваат!!!“, напиша Трамп.
Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф изјави за Си-ен-ен во неделата дека Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин се согласиле за време на нивниот состанок во Алјаска во петокот за „силни безбедносни гаранции“ за Украина, додавајќи дека гаранциите се „пресвртница“.
Тој, исто така, рече дека Русија направила територијални „отстапки“ во врска со пет украински региони, пред состанокот меѓу Зеленски и европските лидери во Белата куќа во понеделник.
„Русите направија некои отстапки „на масата“ (во Алјаска во петокот) во врска со сите пет региони (на источна Украина). Се води важна дискусија за Донецк и што ќе се случи таму“, рече Виткоф.
Свет
Зеленски пристигна во Вашингтон: Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски ќе се одржи денес во 13:15 часот по локално време (19:15 часот по македонско време) во Белата куќа, извести Белата куќа во соопштение за медиумите во недела. Трамп ќе учествува на мултилатерален состанок со европските лидери кои исто така пристигнуваат во Вашингтон, во 15:00 часот по локално време.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон изјави дека се надева оти „заедничките сили“ на Украина со американските и европските колеги ќе ја принудат Русија да склучи мир.
I have already arrived in Washington, tomorrow I am meeting with President Trump. Tomorrow we are also speaking with European leaders. I am grateful to @POTUS for the invitation. We all share a strong desire to end this war quickly and reliably. And peace must be lasting. Not…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 18, 2025
„Благодарен сум на претседателот на Соединетите Американски Држави за поканата. Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна“, напиша Зеленски на социјалните мрежи, по пристигнувањето во Вашингтон.
„И се надевам дека нашите заеднички сили со Америка и нашите европски пријатели ќе ја принудат Русија да склучи вистински мир“, рече тој.