Регион
Во Словенија уште 75 заразени, властите најавуваат нови мерки

Во Словенија во последните 24 часа биле потврдени 75 нови случаи на инфекција со коронавирус на 1.034 направени тестови, а регистриран е и еден смртен случај.
„Ова е помал број на инфекции во споредба со претходниот ден кога беа потврдени 168 заразени од 1.940 тестирани, но процентот на новоинфицирани во однос на бројот на тестови е сè уште голем“, рече владиниот портпарол за Ковид-19, Јелко Кацин.
Тој предупреди дека помал број луѓе се тестираат за време на викендите и дека во следните денови може да се очекуваат повеќе инфекции, на поголем број тестови.
Досега во Словенија се направени вкупно 236.177 тестови, а потврдени се 6.573 случаи на инфекција. Во моментов активни се 2.103 случаи, а починале вкупно 156 пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Кацин рече дека овие денови владата ќе разгледа воведување нови мерки за спречување на епидемијата, меѓу нив и опцијата за ограничување на работата на рестораните и продавниците, но и намалување на бројот на луѓе на кои им е дозволено да се собираат на едно место, без разлика дали станува збор за јавен или приватен простор.
„Непотребното и ризично дружење на голем број луѓе продолжува и ако тоа остане така и покрај нашите предупредувања, ќе бидеме принудени да го ограничиме групирањето на максимум десет лица, без разлика дали станува збор за јавен или приватен простор“, предупреди Кацин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролени, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.
Регион
Дел од натстрешник се урна во центарот на Белград

Во центарот на Белград, пред продавница за парфеми, се урна таванот на натстрешник, пишува „Н1 Србија“.
Ова, најверојатно, се случило во текот на ноќта, а жената што работи во продавницата за парфеми изјавила за „Н1“ дека сè било во ред во текот на денот.
Властите поставија црвена лента на која пишува „внимание, опасност“, така што на граѓаните сега им е забрането да минуваат во тој дел од улицата.
Делови од таванот се наоѓаат и на самото шеталиште, а дел од него сè уште виси.
Регион
Македонец меѓу загинатите во Бугарија кога автомобил управуван од 19-годишник се заби во ресторан

Деветнаесетгодишен возач со автомобилот се заби во ресторан во Разград, Бугарија, при што загинаа три лица, меѓу кои 58-годишник, државјанин на Македонија, соопшти бугарската полиција.
Несреќата се случила по полноќ на улицата Гранчарска во градот. Според првичните информации, младиот возач ја изгубил контролата врз автомобилот, што ја предизвикало тешката несреќа. Тестовите за алкохол и дрога на 19-годишниот возач биле негативни, јавуваат бугарските медиуми.
Починатите се лица на возраст од 62, 64 и 58 години, кои биле во објектот во моментот на несреќата.