Македонија
Мицкоски до Галовеј: Ситуацијата во Македонија е алармантна, власта не презема ништо

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со британската амбасадорка, Рејчел Галовеј, каде што разговараа за актуелната политичка, економска и здравствена состојба во земјата.
Во текот на средбата претседателот Мицкоски истакна дека власта не знае да се справи со Ковид-19 и поради нивната неспособност, бројoт на заразени и починати е на многу високо ниво. Тој посочи дека во врска со пандемијата не се презема ништо и како на здравствен така и на економски план.
„Мицкоски укажа и на политичката состојба во која се наоѓа државата, при што потенцира дека криминалот и корупцијата се многу застапени и дека има селективно владеење на правото. Исто така, тој рече дека власта дели тендери на лица блиски до власта и за тоа никој не одговара.
При средбата претседателот Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики, кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат влијание на членството во Европската Унија. На крајот на средбата Мицкоски ѝ се заблагодари на британската амбасадорка за средбата и се надева дека ваквите средби ќе продолжат и понатаму во иднина, кои ќе придонесат за доброто на Република Македонија“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по прес – конференцијата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на која ги објави имињата на 19 кандидати за градоначалници.
„Ова не се кандидати на партиската база на СДС, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче. Ова се кадри на другарите на Заев со кои убедливо ќе загуби и на овие локални избори. Луѓе од истата матрица која тепа жени како советникот на Филипче во Кочани, која измислува без докази и клевети, креира хаос и тоне во безидејност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија, нема ниту еден кредибилен предлог за градоначалник и ниту еден кадар кој претставува додадена вредност.
Македонија
СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, меѓу нив и познати имиња

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатура на градоначалници за претстојните локални избори.
Одлуката се однесува на првите 19 кандидати за градоначалници, а некои од нив се веќе споменати во јавноста.
За Општина Центар, актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.
За Општина Аеродром, Александар Трајановски.
За Општина Ѓорче Петров – претседателот на општинската организација, Костадин Ацески.
За Општина Чучер Сандево, актуелниот градоначалник Сашо Комненовиќ.
За Општина Берово, актуелниот претседател на општинската организација Илија Рунтевски.
За Општина Крива Паланка, актуелниот градоначалник Сашо Митовски.
За Општина Лозово, Ацо Велковски.
За Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.
Општина Богданци, Блаже Шопов.
Општина Дојран, Ристо Џинев.
Општина Могила – Зоран Ристевски.
Општина Неготино, Петар Мантев.
Општина Новаци, Љубе Кузманоски.
Општина Росоман, Стојанче Николов, актуелниот градоначалник.
Општина Вевчани, претседателот на општинската организација Стефан Радиноски.
Во Крушево, актуелниот градоначалник Томе Христовски.
Во Ресен, претседателот на општинската организација Александар Бузлевски.
Во Штип, исто така, претседателот на општинската организација Павел Иванов.
И претседателот на општинската организација во Општина Гази Баба, Влатко Митовски.
„Овие кандидати се избрани врз основа на принципите коишто ги наведовме дека ќе важат за кандидирањето на овие луѓе. Избрани се со прилично широк консензус во општинските организации, луѓе кои што имаат и кредибилитет и легитимитет да ја побараат довербата, некои за првпат, некои повторно од граѓаните“, рече Филипче.
Според него, актуелните градоначалници направиле вистинска промена во општините Центар, Крушево, Крива Паланка.
Македонија
На граничните премини Богородица и Табановце се чека по половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица и Табановце задржувањето од македонска страна е од 15 – 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.