Црна хроника
Малолетнички краделе во метрото во Париз за босански газда

Во Франција на седум години затвор е осуден во средата водач на криминална група поп потекло од Босна и Херцеговина, кој принудувал млади девојки, повеќето малолетнички да крадат во подземната железница во главниот град Париз.
Според француските медиуми, ова е двојно помала казна до 15 годишна затворска казна колку што бараше обвинителство за 60-годишниот Фехим Хамидовиќ. Покрај Хамидовиќ, на затворски казни во траење од една до пет години се осудени уште дваесетина лица.
Истрагата на париската полиција покажала дека секој ден секоја од младите девојки на „газдата“ морала да му донесе „заработка“ од околу 300 евра. Најчести цели на младите гангстерки биле туристите од азиските земји.
Според процените на обвинителството, оваа криминална група во 209 година „заработила“ околу 1,3 милиони евра./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена шверцувала мигранти со автомобил

Вчера во 19:20 часот на автопатот „Пријателство“, кај клучката за село Прдејци, полициски службеници од ПСГН „Богородица“ ја лишија од слобода М.П.(39) од Скопје, затоа што во патничко моторно возило „шкода октавија“ со скопски регистарски таблички, кое таа го управувала, биле пронајдени шест лица мигранти од Египет.
Претходно полициските службеници во с. Богородица забележале дека во возилото влегуваат мигранти и по преземени мерки, возилото е сопрено, а скопјанката што го управувала е лишена од слобода и по документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираа од полицијата.
Мигрантите се пренесени во Прифатно транзитниот центар „Винојуг“-Гевгелија.
Црна хроника
Приведен 19-годишник во Тетово оти предизвикал пожар

Тетовската полиција го приведе 19-годишниот С.М. од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли.
Со тоа, како што велат од МВР, предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на улицата Маршал Тито во Тетово.
Со интервенција од Тетовската противпожарна единица, пожарот бил изгаснат, а С.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Црна хроника
Тешко повреден возач на тротинет во судир со автомобил

Вчера вечер во 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(28) од с.Гумалево, скопско и електричен тротинет „шаоми“, управуван од К.М.(59) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.