Црна хроника
Притворена адвокатка од Скопје
Адвокатка од Скопје доби осумдневен притвор за злоупотреба на службената положба додека била раководител на правна служба во осигурителната компанија „Вардар“, соопшти МВР
Заедно со извршителот на компанијата, лани и во текот на оваа година на клиентите им земале пари за одблокирање на трансакциска сметка која им била замрзната, поради неплатени кредити.Брачен пар во текот на 2002 и 2003 година користеле кредити од Силекс банка, која своите кредитни пласмани ги имала осигурено во „Вардар“. Бидејќи брачниот пар не ги исплаќал ратите, Силекс Банка побарувањата ги наплатила од осигурителната компанија „Вардар“.Банката во периодот од 2005 до 2007 година повеле судски постапки за наплата на долгот, врз основа на кои донесени се три правосилни и извршни пресуди.Но, адвокатката како раководител на правната служба успеала да го држи нивниот предмет „настранa“.За услугата адвокатката им барала по 500 евра за услугата. Оштетените ја пријавиле, а адвокатката била снимена како ги зема парите. Извршителот е обвинет за помагање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полицаец
Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот М.Н. од Велес откако при контрола на ул. „Благој Ѓорев“ утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник.
Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, најавија од СВР Велес.
Црна хроника
Почина малолетник, со мопед удрил во бетонски столб
Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.
Црна хроника
Возач на ауди прегази полицаец и избега
Инцидент се случи вчера во Тетово, кога 28-годишниот Е.А. од село Порој со своето возило „ауди“ удрил во полициски службеник кој се обидел да го запре.
Настанот се случил околу 12:50 часот на кружниот тек кај улиците „Илинденска“ и „Маршал Тито“. Возачот одбил да застане на знакот „стоп“, го удрил полицаецот и избегал, но набрзо бил пронајден и уапсен. На повредениот службеник му е укажана помош во Клиничката болница Тетово.

