Спорт
Тинејџерската „кралица“ Свјонтек до историско полуфинале на Ролан Гарос
Полската тинејџерка Ига Свјонтек продолжи со својот неверојатен настап на Ролан Гарос, пласирајќи се во своето прво гренд слем полуфинале со 6:3/6:1 победа над италијанската квалификантка Мартина Тревизан.
19-годишната Свјонтек, претходно ја елиминираше Симона Халеп на турнирот, и ја „збриша“ 26-годишната Тревизан за час и 18 минути, за да обезбеди дуел со уште една сензација на турнирот, Аргентинката Надја Подороска. За второто финале ќе се борат четвртата носителка, Софија Кенин и Даниеле Колинс, односно седмата носителка Петра Квитова и Германката Лаура Зигемунд.
Тревизан имаше фантастичен старт на мечот, правејќи брејк и поведе со 3:1, пред Свјонтек да се „разбуди“ и да освои пет гема во низа за да го освои првиот сет. Во вториот сет, таа беше уште поубедлива за импресивна победа.
Teen Queen ?@iga_swiatek shines bright under the lights reaching a first career slam semi-finals ending Trevisan's run 6-3 6-1.#RolandGarros pic.twitter.com/8Yhiz2ghV4
— Roland-Garros (@rolandgarros) October 6, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Премиер лигата ќе гласа за укинување на ВАР од следната сезона
Преставници на клубовите од англиската Премиер лига следниот месец ќе гласаат за укинување на ВАР, пишува The Athletic. За да се укине ВАР потребно е најмалку две третини од клубовите да гласаат за таа опција. Во случајот со Премиер лигата, тоа значи 14 од 20 клубови.
ВАР (Видео помошник судија) беше воведен во Премиер лигата во 2019 година, но беше предмет на бројни контроверзии. Во кои случаи може да се вклучи и какви одлуки се носат со негово користење се постојани прашања во англискиот фудбал. Предлогот е направен на иницијатива на Вулверхемптон.
Видео проверките ја успорија играта, па често се трошеше многу време за проверка и цртање линии. Сето тоа предизвикува фрустрации кај навивачите и затоа се предлага да се укине ВАР. Исто така, ВАР не ги елиминираше судиските грешки бидејќи лошите одлуки се носат и по прегледување на видеата.
Спорт
Првиот асистент на Клоп ќе го предводи Салцбург
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп заедно со своите соработници го напушта клубот. В недела последен пат Клоп со својот стручен штаб ќе ги води „црвените“.
Јирген Клоп по девет години на „Енфилд“ реши да паузаира една сезона. За разлика од него, неговиот прв асистент Пеп Лајндерс веќе знае каде ќе биде наредната сезона.
Лајндерс денеска потпиша тригодишен договор со Ред Бул Салцбург.
41-годишниот Холанѓанецот пристигна во Ливерпул во 2018 година и со клубот ги освои сите можни трофеи.
Лајндерс е четврти тренер на Салцбург за само една година. На крајот од претходниот шампионат клубот се раздели со Матијас Џејсли, диригентската палка ја презеде Герхард Штрубер, но по слабите резултати во првенството (три бода помалку од Штурм) си замина, па сезоната ќе ја заврши Онур Цинел.
Спорт
Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен
Шампионот на Германија Баер Леверкузен успеа да го задржи тренерот Чаби Алонсо, вундеркиндот Флоријан Вирц, но по се изгледа ќе остане без еден од клучените играчи.
Десниот бек Џереми Фримпонг има неверојатна сезона. На 44 натпревари постигна 13 гола и забележа 12 асистенции.
Неговата откупна клаузула е 40 милиони евра и тој автоматски ќе биде слободен доколку некој клуб ја активира.
За холандскиот репрезентативец има голем интерес. Прв во редот Манчестер јунајтед, а 40 милиони се подготвени да потрошат и Арсенал, Баерн и ПСЖ.