Европа
Берлин и Франкфурт воведуваат полициски час поради коронавирусот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/w_55974469.jpg)
Градските власти на Берлин и Франкфурт одлучија да воведат полициски час и мерки за ограничување на социјалниот контакт поради загрижувачкото зголемување на бројот на лица заразени со коронавирус.
Во Берлин повеќето продавници, како и ресторани и барови, ќе мора да бидат затворени од 23 до 6 часот наутро, а таа мерка ќе стапи на сила в сабота и ќе трае најмалку до 31 октомври.
Исклучок ќе бидат аптеките и бензинските пумпи, на кои сепак нема да им биде дозволено да продаваат алкохол навечер.
„По три чаши вино, физичката оддалеченост е помалку почитувана“, изјави локален берлински службеник.
Во главниот град на Германија, од 23 до 6 часот наутро можни се само собири до пет лица на отворено, а до 50 лица во текот на денот. Овие ограничувања се построги во затворен простор каде што може да има до десет лица во текот на денот, наместо 25 како што беше досега. Мерката особено се однесува на вечерни собири во домови или прослави во затворени простории.
Градските власти во Франкфурт исто така најавија дека ќе воведат полициски час, од 22 до 6 часот наутро, почнувајќи од петок. Консумирање алкохол на јавни места ќе биде забрането. Ќе биде задолжително да се носи маска на пазарите и на големите фреквентни улици.
Германија не воведе општ карантин за населението како нејзини соседни земји, а последните денови има зголемување на бројот на пациенти, што е помеѓу 2.000 и 2.500 на дневна основа. Од почетокот на епидемијата на коронавирус во земјата починале 9.546 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Кир Стармер официјално назначен за нов премиер на Обединетото Кралство
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-05-141137.jpg)
Британскиот крал Чарлс денеска му го довери мандатот за формирање на новата влада на Велика Британија на лидерот на Лабуристичката партија, Кир Стармер, по убедливата победа на неговата партија на парламентарните избори.
Назначувањето на Стармер за премиер беше потврдено од Бакингемската палата.
„Кралот го прими уважениот Кир Стармер и побара од него да формира нова влада. Стармер ја прифати понудата“, соопшти Бакингемската палата, пренесува „Гардијан“.
По Бакингемската палата, Стармер се упати кон Даунинг стрит, каде што се наоѓа седиштето на британската влада. На општите избори во ОК, Лабуристичката партија освои 410 од 650 места во долниот дом, со што стави крај на 14-годишната влада предводена од конзервативците.
Претходно денеска, сега веќе поранешниот премиер Риши Сунак му поднесе оставка на кралот Чарлс.
Европа
Сопругата на шпанскиот премиер на суд под обвинение за корупција и вршење влијание
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/begona-pedro-sancez.jpg)
Бегона Гомез, сопруга на шпанскиот премиер Педро Санчез, денеска се појави пред судот во Мадрид за да одговори на прашања поврзани со наводите за корупција и вршење влијание во случајот поради кој нејзиниот сопруг размислуваше да поднесе оставка во април.
Сослушувањето в петок е дел од прелиминарната истрага за тоа дали Гомез ја злоупотребила својата позиција како сопруга на премиерот за да влијае на своите деловни активности, соопшти судот пред сослушувањето.
Ниту Гомез ниту нејзиниот адвокат не разговараше со новинарите надвор од судницата пред Гомез да се појави зад затворени врати пред судијата, кој по неколку минути го одложи рочиштето за 19 јули.
Гомез јавно не го коментира случајот, но Санчез постојано остро ги отфрли обвинувањата против неговата сопруга велејќи дека тие се неосновани и оркестрирани од неговите десничарски политички ривали.
Европа
Украина: Соборивме 32 руски беспилотни летала во текот на ноќта
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/ukrainska-vojska1.jpg)
Воздухопловните сили на Украина соопштија дека ги собориле сите 32 беспилотни летала лансирани од Русија во напад во текот на ноќта од четвртокот до петокот.
Украинската армија собори беспилотни летала во седум региони, објавија тие на „Телеграм“. Три беспилотни летала беа соборени над јужниот регион на Миколаев, а уште три над регионот Днепропетровск, според гувернерите на тие региони.
Last night, Ukraine’s air defense took down 32 of 32 Russian-Iranian Shahed kamikaze drones, according to the Ukrainian Air Force. pic.twitter.com/rTr8Pe3Drb
— BREAKING NEWS: UKRAINE (@MrFukkew) July 5, 2024
Гувернерот на регионот Киев објави дека противвоздушната одбрана соборила и беспилотни летала во раните утрински часови во петокот.
Ројтерс сè уште не ја потврди независно оваа информација.