Црна хроника
Уапсен скопски лекар за случајот “Метастаза”
Обвинителството побарало, судот прифатил проширување на предметот „Метастаза“, во кој им се суди на 37 -мина обвинети за малверзации со одобрување на инвалидски пензии
Овој пат истрагата е проширена за три лица и тоа 49. годишниот Александар Адамов, лекар-ортопед, вработен на Клиника за ортопедија, 27. годишен од Велес и 44- годишник од Скопје, двете во својство на посредници, задолжени за пронаоѓање на лица заинтересирани за добивање на инвалидска пензија.Полицијата со наредба од истражен судија извршила претреси во стан и куќа на Скопје, при што е пронајдена медицинска документација, односно медицински извештаи на име на физички лица со потписи од лекари од повеќе медицински установи и со печати од истите, како и бланко обрасци на медицинска документација, заверени со печати.При претресот во станот во Велес изнајмен од 27-годишнико., пронајдена е медицинска и друг вид на документација (извештаи и решенија од ФПИОМ, работни книшки, лични карти, изводи МКР, бланко барања од ФПИОМ) потребна за добивање на инвалидска пензија, додека при претресот во станот на ортопедот, не е пронајдена документација. Докторот е осомничен дека изготвувал лажна медицинска документација.Тројцата се приведени и исказ треба да дадат пред истражен судија.Судскиот случај „Метастаза“ сè уште трае и обвинетите според обвинителниот акт за нелегални инвалидски пензии земале од 1.500 до 4.000 евра. Од 57 баратели на инвалидски пензии зеле 165.000 евра или над 10.000.000 денари, а истовремено на Фондот за ПИОМ му нанеле штета од околу 53.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прегазена 56-годишна скопјанка: ја удрило „порше“
Вчера околу 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Лука Геров“ со ул.„Андон Кецкаров“ во Скопје, патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(52) од Скопје, удрило во 56-годишната Ц.Ц. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ц., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Измамил граѓанин за над 370. 000 денари: кумановец се претставил како вработен во туристичка агенција
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице за резервација за летување за две семејства во Р.Турција, во износ од 373. 890 денари.
Црна хроника
Претрес во Кичево, пронајдена дрога, уапсено едно лице
Вчера во 13:50 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишија од слобода У.З.(45) од Кичево.
При претрес во неговиот дом и неговото возило „хјундаи“, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана, бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

