Топ
Приведен скопјанец кој членувал во странска терористичка организација

Скопската полиција во вечерните часови на 6 октомври го уапсила 24-годишниот И.Т., врз основа на информации за сторено кривично дело учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации.
На 24-годишникот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена и бил префрлен во затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од утре пад на температурите

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од -3 до 2, а максималните ќе бидат до интервал 12 до 20 степени целзиусови.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 1 степен, а максималната ќе достигне 17 степени.
Од понеделник до среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се задржат под просекот за овој период од годината. Пораст на дневната температура се очекува од четврток.
Македонија
Мицкоски: Црвените линии на Венко се тројанскиот коњ, Бојко зборуваше дека дал пари, сега што ли е во игра?

На денешниот народен митинг во Куманово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што се осврна на политичките трикови со црвените линии на Венко за кој рече дека се тројанскиот коњ.
„Ќе се осврнам и на политичките настани. Триковите веќе не поминуваат. Погледнете каков подарок од СДСМ сега спремаат за Бугарија. Тој подарок е тројански коњ, убаво спакуван, со таканаречени црвени линии, а всушност тоа е ново попуштање кон нашиот источен сосед. Нова бонбона бизнис која СДСМ ѝ ја дава на нашиот источен сосед. Се сеќавам, не заборавам, дека поранешниот премиер на нашиот источен сосед јавно зборуваше дека финансиски ја помогнал таа опција на СДС, партијата на чие челo е Венко, и тоа директно преку куферче пари кон неговиот гуру и ментор од Струмица. Сега не сакам да верувам, но многу е логично дека повторно тропнале на истата врата и повторно се надеваат на ново куферче, а подарокот кој што нашиот источен сосед може да го плати е пробив одвнатре – нов предлог за ново предавство на националните и државни интереси“ нагласи Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека политичките трикови на СДС и Филипче нема да поминат и дека врз грбот на националните и државни интереси нема да дозволи некои да градат политички кариери.
Но овој пат големата пречка за тоа сме ние народот на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, затоа што добро знаат дека тоа нема да дозволам да помине. Она што е непознато е само колку пари овој пат од кај нашиот источен сосед се слеале во раководството на СДС за да излезат во јавноста со ваков предлог па и бесрамно да го брендираат како резолуција со црвени линии зарем некој овде верува дека има малку патриотизам во СДС и ова раководство на СДСМ. Јас не верувам. Затоа да излеземе масовно на 19 октомври и да го заокружиме бројот 9. Тоа што за нашиот Источен сосед Венко е добар, за Македонците значи само едно – ново предавство, кое ние нема да го дозволам. Не постои цена не постои ништо коешто може да го извалка овој образ. Јас ветувам само чесна работа и дека ќе биде тешко но нема да биде срамно. Сите заедно одлучивме да го одиме тешкиот пат. Но не и срамниот пат. Националните и државни интереси нема да бидат крчма над која тие ќе ги градат своите кариери, а овој пат народот ги знае сите нивни трикови и ќе загубат дебело на овие избори“ заклучи Мицкоски.
Македонија
Мисајловски: Куманово дополнително ќе биде град на можности

Владо Мисајловски, носител на изборна единица 2 од ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на народниот митинг, кој се одржа во Куманово, во рамки на изборната кампања за претстојните локални избори со слоган е „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.
„Вечерва сум тука со вас да испратиме порака. Куманово заслужува да биде град на можности, град на развој и град кој се гради со љубов, со посветеност и со визија. Потенцијалот е јасен, визијата е конкретна, а можностите за развој се реални и остварливи“, вели Мисајловски.
Мисајловски потенцираше дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно инвестира во сите општини, а ќе продолжи и во иднина.
„Владата активно учествува и инвестира во сите општини. Ќе продолжи со активности и иницијативи во наредниот период, со цел обезбедување подобар живот, развојни можности и просперитетна иднина за сите граѓани“, рече Мисајловски и додаде:
„Заедно градиме иднина во која модерната инфраструктура ќе биде за сите, квалитетното образование и социјалната поддршка ќе бидат основа за развој и просперитет“.