Македонија
Четворица починати и рекордни 317 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.990 тестирања, а регистрирани се 317 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 182, Куманово – 12, Дебар – 3, Штип – 13, Прилеп – 5, Тетово – 8, Велес – 7, Битола – 6, Охрид – 1, Кавадарци – 4, Гостивар – 11, Гевгелија – 12, Струмица – 12, Крива Паланка – 3, Радовиш – 5, Кочани – 18, Валандово – 3, Делчево – 2, Свети Николе – 4, Кичево – 4, и по еден во Ресен и Неготино.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 104 оздравени пациенти од Скопје – 24, Куманово – 12, Штип – 3, Прилеп – 14, Тетово – 8, Струга – 3, Велес – 3, Битола – 5, Кавадарци – 2, Гостивар – 7, Гевгелија – 1, Струмица -4, Радовиш – 4, Кочани – 6, Пробиштип – 2, Македонски Брод – 1, Пехчево – 1, Берово – 2 и по еден во Виница и Кичево.
Во болнички услови починати се четворица пациенти – од Скопје (59), Струга (65), како и двајца пациенти од Гостивар (71 и 76 години).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19.413, бројката на оздравени пациенти е 15.749, на починати е 772, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.892. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
• Скопје 7.724, активни 1166
• Куманово 1.823, активни 166
• Дебар 290, активни 35
• Штип 1.307, активни 79
• Прилеп 742, активни 138
• Тетово 1.517, активни 168
• Струга 693, активни 42
• Велес 348, активни 36
• Битола 344, активни 78
• Охрид 443, активни 36
• Кавадарци 256, активни 41
• Гостивар 959, активни 68
• Гевгелија 155, активни 57 (10 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 21 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 328, активни 185
• Крива Паланка 130, активни 38
• Радовиш 107, активни 35
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 450, активни 183
• Пробиштип 119, активни 17
• Демир Хисар 62, активни 2
• Македонски Брод 93, активни 2
• Пехчево 46, активни 3
• Берово 129, активни 47
• Валандово 54, активни 39
• Виница 126, активни 36
• Делчево 175, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 26, активни 2
• Свети Николе 380, активни 57
• Кичево 340, активни 29
• Ресен 167, активни 9
• Неготино 60, активни 12 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 199.372 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87, а на кислородна поддршка се 48 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се едно дете и една мајка позитивни на Ковид-19, како и 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 198, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Статистиката за активни случаи по скопските општини денеска е следна:
• Чаир – 66
• Гази Баба – 126
• Аеродром – 208
• Карпош – 180
• Центар – 210
• Кисела Вода – 131
• Ѓорче Петров – 93
• Бутел – 49
• Шуто Оризари – 15
• Студеничани – 4
• Сарај – 14
• Арачиново – 5
• Илинден – 31
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 8
• Зелениково – 3
• Странец – 10
• Нераспределен-6
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Николовски: 90% лаги на Орце, од 30 каптални ветувања нема остварено ниту едно

Кандидатот за советник во Град Скопје од СДСМ, Емил Николовски, денеска на прес-конференција го критикуваше кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, обвинувајќи го за „неисполнети ветувања“. Тој вели дека Кисела Вода станала симбол на застој и корупција.
„Орце ветуваше „Туристичко Драчево“, ревитализација на старата чаршија, уредување на пешачки зони и културна понуда за развој на домашен туризам. Но, четири години подоцна, населбата остана во запуштена состојба, без ниедна реконструирана фасада, без осветлување, без сигнализација, без туристичка понуда. Ѓорѓиевски ветуваше субвенции и проекти за изградба на зелени покриви на јавни и станбени објекти, како дел од борбата против загадувањето и урбаната топлинска изолација. Не само што не е имплементиран ниту еден зелен покрив, туку не постои ниту еден јавен повик. Една голема 0. Орце ветуваше велосипедски патеки, катни гаражи, базени, спортски сали – четири години само рендери и фотографии, ниту еден реален објект. Од 30 капитални ветувања во изборната програма, Орце нема испорачно ниту едно.“, истакна Николовски на прес-конференцијата.
Македонија
Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на граѓанската трибина во Охрид, порача дека оваа општина заслужува посветена, чесна и одговорна локална власт, со Охрид повторно ќе биде бисер на Македонија.
„Сега имаме можност заедно да го направиме Охрид повторно бисер на Македонија. За нас и за нашите поколенија. Сега е време за промени во Охрид, време е општината да добие градоначалник како д-р Шајн”, порача Филипче.
Лидерот на СДСМ го претстави кандидатот за градоначалник, Асен Шајн, како човек со визија, искуство и посветеност кој ќе ги заврши проектите, ќе го врати редот и ќе се грижи за охриѓани со чесност и посветеност.
„Тој е тука за да го врати редот, да ги заврши проектите и да го врати Охрид на граѓаните. Асен е вреден човек, чесен човек. Човек кој ќе работи во интерес на Охриѓани и ќе се грижи за нив исто како што се грижи за нивното здравје. Кај него нема ароганција, нема непристапност, тој ќе биде човек на народот”, посочи Филипче.
Тој се осврна на моменталната состојба во општина Охрид, посочувајќи дека реалноста покажува сериозни проблеми: непланско ширење на градот, зголемени цени на јавни услуги, недовршени капитални проекти и сообраќаен хаос, што го намалува квалитетот на животот на охриѓани.
„Охрид стана симбол на урбанистички хаос, со рекорден број дозволи за градба и недовршени проекти како плоштадот „Крушевска Република“, велосипедската патека до Св. Стефан и катната гаража. Локалната власт е фокусирана на фамилијарни вработувања и тендери, додека граѓаните се соочуваат со секојдневни проблеми“, нагласи Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом”.
Македонија
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во недела утрото ќе биде ведро и студено со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нула степени. Во текот на денот ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност, која кон крајот на денот ќе се зголемува. Во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени локални врнежи од дожд. До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се задржат под просекот за овој период од годината.