Спорт
Бербатов за Модриќ: Со 35 години тој не игра, туку лета!

Легендарниот бугарски фудбалер Димитар Бербатов во разговор за шпански „Ас“ изјави дека е воодушевен од хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ, па дури го спореди со фудбалски магионичари од калибарот на Чави и Иниеста.
„Модриќ не игра, тој лета. Без никаква дилема, тој е еден од 3-4 фудбалери од средниот ред кои се најдобри во последната декада. Модриќ, дефинитивно, е на нивото на Чави и Иниеста. Не е случајно што токму тој ја прекина доминацијата на Меси и Роналдо при доделувањето на `Златната топка`“, смета Бербатов.
Поранешниот напаѓач на Тотенхем и Манчестер јунајтед смета дека Модриќ има уште многу да понуди.
„Модриќ има 35 години, но кога имате таква способност на читање на играта, тогаш можете да играте сè додека чувствувате дека можете. Ако продолжи како сега, пред него се уште неколку сезони кариера на врвно ниво“, смета Бугаринот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лукас Нмеча е првото засилување на Лидс

Повратникот во Премиер лигата на Англија, Лидс го обезбеди потписот на германскиот напаѓач Лукас Нмеча, кој со тоа ќе стане првото засилување на клубот за следната сезона.
Нмеча се враќа во англискиот фудбал, бидејќи ја започна својата кариера во Манчестер сити, за кого одигра само два првенствени натпревари, а по бројните позајмици се пресели во Волфбург, каде што ги помина претходните четири сезони.
Нмеча е член на германската репрезентација, а во Лидс доаѓа како слободен играч.
Тој со клубот од Јоркшир потпиша две годишен договор.
Спорт
Полонара се бори со леукемија

Италијанскиот кошаркар Акиле Полонара е болен со леукемија, објави неговиот клуб Виртус од Болоња.
Пред две години, Полонара беше опериран за отстранување на тумор на тестисите од кој се опорави, но сега го очекува уште една животна битка.
Му беше дијагностицирана миелоидна леукемија, што значи малигна болест на коскената срцевина.
„Ајде Аки, со тебе сме, те чекаме“, е пораката на неговиот клуб, чие соопштение го преведуваме во целост.
„Виртус ја информира јавноста дека Акиле Полонара во текот на изминатите недели поминал на специјалистички медицински прегледи, по што му е поставена дијагноза миелоидна леукемија. Полонара моментално е хоспитализиран во болницата „Св. Орсоло Малпиги“ во Болоња, каде што започнал со специфични терапии. Целото семејство Виртус е со Акиле и неговите најблиски и му посакува брзо закрепнување. Ајде Аки, сите сме со тебе и те чекаме“, се наведува во соопштението за медиумите на клубот.
Спорт
Француз го засили Борнмут

Фудбалскиот клуб Борнмут, најде замена за одличниот Милош Керкез, кој ќе ја продолжи кариерата во Ливерпул.
Францускиот лев бек Адриен Труфер потпиша петгодишен договор со „клубот од јужниот дел на Англија.
Труфер има 24 години и е роден во Белгија, но играше за сите помлади категории на Франција, а дебитираше за сениорската репрезентација во 2022 година.
Тој пристигнува од Рен, каде што беше стандарден во привот тим во изминатите пет сезони.
Salut, Adrien 🇫🇷👋
We're delighted to announce the signing of Adrien Truffert on a five-year deal from @staderennais 🍒 pic.twitter.com/dnqibKbFgN
— AFC Bournemouth 🍒 (@afcbournemouth) June 16, 2025