Свет
Невладина тврди дека половина мигранти на улиците во Париз може да се позитивни на Ковид-19
Според невладината организација „Лекари без граници“ (МСФ), 55 отсто од оние кои живеат на улиците во регионот на Париз може да се заразени со Ковид-19, најголем дел од нив мигранти, пренесува „Ле Фигаро“.
Од МСФ велат дека тестирале примерок од 818 лица во сместувачки домови и засолништа за бездомници во регионот на Париз и дека 90 отсто од тестираните се мигранти.
Корин Торе, шеф на француската мисија во МСФ, за „Фигаро“ изјави:
„Резултатите покажуваат огромна распространетост на вирусот. Главната причина е промискуитетот и условите за домување што создадоа кластери, на пример во гимназиите каде што овие луѓе беа засолнети за време на рестриктивните мерки за движење.“
Студијата исто така покажа различни стапки на зараза на различни места. Два дома за мигрантски работници имаат стапка на инфекција од 88,7 отсто, десет засолништа за бездомници имаат стапка од 50,5 отсто, а местата за дистрибуција на храна имаат стапка од 27,8 отсто.
Стапките на инфекција сè уште се многу поголеми во сите тестирани области од просечната стапка низ Франција, која се движи од пет до десет отсто. Во градот Париз стапката на инфекција е малку повисока – 12 отсто.
Ризикот мигрантите да го добијат и рашират вирусот е најголем проблем во другите европски земји, особено во Италија, каде што новопристигнатите мигранти биле позитивни на Ковид-19.
Во август италијанскиот министер за регионални работи, Франческо Боча, ненамерно откри дека дури 25 отсто од случаите со коронавирус во тоа време биле странци.
Друг проблем со кој се соочува италијанската влада не е само наоѓање простор за карантин за мигрантите кои пристигнуваат, туку и справување со мигрантите кои се обидуваат или успеваат да избегаат од сместувачките центри под карантин.
Минатиот месец група мигранти сместени во прифатниот центар на Сицилија подметна пожари во знак на протест против мерките за карантин, предизвикувајќи паника кај мигрантите и кај вработените. Двајца Тунижани се обиделе да се фрлат низ прозорците за да избегаат од центарот и завршиле во болница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во лизгањето на земјиштето во Индонезија 25 луѓе го загубија животот
Спасувачите денеска ги прекинаа операциите за пребарување на жртвите во лизгањето на земјиштето во индонезиската покраина Западна Јава, откако беа пронајдени 14 тела на вториот ден од операциите, со што вкупниот број потврдени жртви достигна 25, пренесе ДПА, повикувајќи се на официјален претставник.
Обилните дождови што почнаа еден ден претходно предизвикаа лизгање на земјиштето вчера изутрината во близина на село во округот Западен Бандунг.
Официјални претставници изјавија дека до 80 лица се уште се водат како исчезнати.
„Сите тела беа евакуирани до 16 часот во центарот за идентификација на жртвите од катастрофата. Подоцна во текот на денот, спасувачките операции беа прекинати поради безбедносни причини, бидејќи условите на теренот во погодената област останаа нестабилни и постоеше ризик од понатамошно лизгање на земјиштето“, изјави Аде Диан Пермана, раководител на службата за пребарување и спасување во Бандунг.
Лизгањето на земјиштето често се случува во Индонезија за време на дождовната сезона, особено во густо населените и планински области на Јава, најнаселениот остров во земјата, пренесе ДПА.
Свет
Зеленски побара од сојузниците повеќе муниција за одбрана на Укаина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара од сојузниците повеќе муниција за противвоздушната одбрана на Украина со цел подобро да се спротивстави на руските напади, што оставија стотици илјади жители на Киев без електрична енергија и греење сред зима.
„Само оваа недела, Русите лансираа повеќе од 1.700 борбени беспилотни летала, повеќе од 1.380 наведувани бомби и 69 ракети од различни видови. Затоа ракетите за системите за противвоздушна одбрана се потребни секој ден, и ние продолжуваме да соработуваме со САД и Европа за да обезбедиме подобра заштита на нашиот воздушен простор“, рече Зеленски по пристигнувањето во Вилнус, објавија француските медиуми.
Зеленски во Вилнус се сретна со претседателот на Литванија, Гитанас Науседа. На средбата станало збор за поддршката на украинскиот енергетски систем и воената соработка меѓу двете земји.
Свет
Поради снежно невреме повеќе од 700.000 домови во САД останаа без струја
Снежно невреме го погоди поголемиот дел од САД, оставајќи стотици илјади луѓе без струја, додека влошување на временските услови се очекува и во областите на Њујорк, Филаделфија и Вашингтон.
Најтешко погодени се државите Мисисипи, Луизијана и Тексас, каде што околу 730.000 домаќинства останаа без струја, а се проценува дека дури 190 милиони луѓе се изложени на ризик од прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење.
Невремето зафати површина од околу 3.000 километри, од Ново Мексико до Мејн, а во неколку држави е прогласена вонредна состојба. Снежните врнежи и мразот предизвикаа големи проблеми во сообраќајот, затворање на патиштата и откажување на илјадници летови.
Властите ги повикуваат граѓаните да останат дома, додека центри за затоплување на населението се отворени во Њујорк и Вашингтон.

