Црна хроника
Четири грабежи за едно деноноќие низ Македонија – украдени над 11.000 евра
Четири грабежи се случиле изминатово деноноќие низ градови во Македонија, во Скопје и скопско, Велес и Струга, соопшти МВР.
Во сите четири грабежи крадците украле над 11.000 евра.
Првата кражба се случила вчера среде бел ден во периодот од 10 до 14 часот во Велес на улица „Андон Шурков“. Крадецот со подесен клуч ја отворил влезната врата од станот, влегол внатре во спалната соба и украл 2.000 евра и златен накит во вредност од 150.000 денари.
Втората кражба се случила во Скопје, на улица „Рилски Конгрес“. Разбојникот насилно го отворил прозорецот и велгол во куќата. Во дневната соба украл накит во вредност од околу 300.000 денари.
Во Струга во петокот навечер околу 21.30 часот бил ограбен стружанец на улица „Караорман“. Тројца крадци го пресретнале стружанецот кој се возел на велосипед, го испрскале со спреј во лицето и му го украле елекот во кој имало околу 100.000 денари, два мобилни телефона и лични документи.
Последната кражба се случила синоќа околу 1 часот по полноќ во скопското село Текија.
Разбојниците заѕвониле на вратата и кога сопственикот на куќата им отворил, крадците го нападнале и од џеб му украле 750 евра.
Сопственикот на куќата бил пренесен во Градската болница, каде му се санираат повредите од нападот.
Полицијата работи на расветлување на кражбите./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

