Црна хроника
Бремена девојка од Србија откриена во сандак на камион
Во понеделник околу 15 часот, во српски камион, во сандак под седиште била пронајдена бремена девојка при обид илегално да замине во соседна Србија, соопшти Царинската управа на Македонија
Камионот кој бил управуван од возач со српско државјанство на 17 октомври од Блаце влегол во Република Македонија, а во понеделник бил товарен со цевки во фабрика во Кавадарци кои биле наменети за српска фирма во Ужице. Откако денеска камионот бил пријавен за извоз на граничниот премин Табановце, пред да биде извршена дополнителна проверка со мобилен скенер еден од македонските цариници во кабината слушнал звуци кои наликувале на дишење, по што под задните седишта во сандак била пронајдена 20-годишна девојка, српска државјанка. Од документи за идентификација, кај девојката биле пронајдени лична карта и здравствена легитимација издадени од ограни во Србија, а се претпоставува дека возачот и девојката се брачни партнери.Според првично добиени информации добиени од возачот, девојката била во возилото и при влез во Република Македонија, а истата е во 6-ти месец од бременост и засега не е позната целта на нејзиниот престој во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

