Македонија
Делови од улицата Васил Ѓоргов во Капиштец ќе бидат затворени за сообраќај

Град Скопје информира дека, почнувајќи од денеска, по 18 часот, ќе почне гребење на асфалтниот слој на улицата Васил Ѓоргов во Капиштец.
Поради тоа, делови од оваа улица ќе бидат целосно затворени за сообраќај, а возилата ќе се пренасочуваат по околната патна мрежа.
Град Скопје апелира до сите ученици во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ги користат околните улици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатот за градоначалник на СДС во Чучер Сандево, Комненовиќ, е тендераш со искуство

Чучер Сандево е уништена и упропастена општина, благодарејќи на Сашко Комненовиќ кој е човек на Заев и работи по неговите постапки, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Комненовиќ е повторно кандидат за градоначалник во Чучер Сандево, благодарејќи на Заев и неговите тендери со Компанијата Димовски која е блиска до СДС и Филипче. СДС, Филипче и Комненовиќ, ја исцедиле општината преку тендери и набавки, за дел од работи кои биле и дел кои не биле потребни. Во Чучер Сандево, за обичен спортски терен кој да речеме во Бутел чини 2,2 милиони денари, во Чучер Сандево благодарејќи на СДС, Филипче и Комненовиќ истиот тој терен чини 4,7 милиони денари, а изведувач секако е Компанијата Димовски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата обвини дека СДС, Филипче и Комненовиќ ја украле општината Чучер Сандево, па сега, како што велат, бараат без срам од граѓаните уште 4 години за истото.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХРМ.
Максималната температура ќе достигне од 28 до 36 степени.
Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 35 степен.
Македонија
ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) на седницата која ја одржа викендов одлучи да ја напушти коалицијата со СДСМ.
Ваквата одлука, според ДОМ, претставува принципиелен исчекор кон заштита на вредносниот интегритет на ДОМ.
„Кога процесите стануваат затворени, потребна е нова насока на самостојно, јасно и идеолошки доследно политички дејствување. ДОМ коалициите ги разбира како алатка за остварување на заедничките вредносни цели, но кога тие се губат, доаѓа моментот за нова насока. Оваа одлука е донесена со целосна почит кон соработката од минатото, но како политичка партија која се стреми кон инклузивност, доследност и отвореност, ДОМ верува дека дојде време за нова, самостојна и одлучна насока“, велат од партијата.
На седницата на Централниот одбор беше донесена и одлука со која ДОМ се отвора за вистинско партнерство со граѓанскиот сектор, локалните заедници и сите кои се борат за зелена, праведна и европска иднина.
„’Тивките’ коалициони партнери во два наврати едногласно гласаа за ограничување на граѓанското право на учество – ги избришаа независните кандидати од изборната игра. И затоа со оваа одлука го најавуваме формирањето на ‘Коалиција за зелена иднина’, отворена платформа за идеи, заедничка акција и поддршка на автентични локални кандидати од граѓаните за граѓаните. Оваа одлука е одговор на политичката затвореност, игнорирањето на граѓанските иницијативи и девалвацијата на меритократијата. Наместо следбеници, ДОМ ќе гради инклузивни политики со соработници. Воедно, ДОМ упатува отворен повик до сите активисти и активистки од граѓанскиот сектор, до младите и студентите и до сите граѓани и граѓанки кои се залагаат за еколошко, праведно, одржливо и европско општество: да влијаеме заедно, да делуваме здружено и да ја изградиме зелената иднина на Македонија“, велат од ДОМ.
Третата одлука што ја донесе Централниот одбор е одлуката за настап на претстојните локални избори без партнери од традиционалниот политички спектар.
„Одлуката претставува политички избор што произлегува од желбата на членовите на ДОМ да градат нова култура на локална политика: автентична, вредносно доследна и поврзана со вистинските потреби на локалните заедници. Во оваа насока на исполнување на политичка волја на членството, ДОМ ја нуди својата структура, знаење и поддршка во сите општини каде што има луѓе со идеи, со интегритет, со врска со својата заедница и само за граѓаните. Наместо компромиси со политички партнери без визија, ДОМ ги отвора вратите САМО за граѓанските сојузници кои ја споделуваат вредносната мисија за зелена, праведна и инклузивна локална политика“, велат од ДОМ.
Партијата ги повикуваат граѓаните кои веруваат во зелена, праведна и европска иднина – да им се придружат.