Македонија
Бектеши – Петровиќ: Заеднички да ги надминеме предизвиците и да ја зголемиме конкурентноста кај земјите во регионот
Министерот за економија, Крешник Бектеши, се сретна со амбасадорката на Црна Гора во нашата земја, Н.Е. г-а Марија Петровиќ.
Тие разговараа за предизвиците со кои се соочуваат сите земји од регионот на Западен Балкан, вклучително и негативните ефекти на пандемијата врз економиите, како и можностите за понатамошно унапредување на трговската соработка меѓу двете земји.
Амбасадорката Петровиќ упати честитка за изборот на новата Влада, како и за повторниот избор на министерот Бектеши за министер за економија.
Бектеши потенцираше дека двете земји имаат традиционално добра билатерална соработка, како и дека сите земји од регионот на Западен Балкан се соочуваат со исти или слични предизвици, а за нивно надминување потребна е заедничка соработка и реакција.
Двајцата се согласија дека кризата предизвикана од пандемијата, пред сè врз економиите на Западен Балкан е голем предизвик за сите земји.
Министерот ја информираше амбасадорката за политиките и мерките кои ги спроведе Владата во справување со последиците од пандемијата, пред сè во делот на поддршка на економијата, за што двајцата се согласија дека со заемната соработка може да се искористи моментот и посилни да влеземе во постковид периодот.
Петровиќ и Бектеши потврдија дека двете земји негуваат одлично пријателство и соработка, почитуваат исти вредности, а тоа се Европската Унија и НАТО.
Се заложија на понатамошна соработка во насока на подобра економска соработка помеѓу двете земји, преку креативна и отворена континуирана дискусија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

