Црна хроника
Приведени 10 лица меѓу кои пет малолетници во локал во Тетово

Полициски службеници од СВР Тетово синоќа околу 23.20 часот, извршиле акциска контрола во угостителски објект на ул.„Борче Кочовски“ во Тетово, сопственост на П.Д.(23) од Тетово. Притоа, во објектот на една маса, со сопственикот биле затекнати уште девет лица, од кои пет малолетници, кои биле послужени со алкохолни пијалаци.
Во присуство на Јавен обвинител, инспектор за малолетници и социјален работник биле извршени прегледи на сопственикот П.Д. и на М.М.(20), Д.Д.(18), А.Т.(21), С.Ј.(25) и пет малолетнички на возраст од 16 години, сите од Тетово, при што кај сопственикот била пронајдена прашкаста материја.
Во координација со Јавен обвинител сите 10 лица приведени, а биле известени и родителите-старателите на малолетничките. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Сообраќајна несреќа во Скопје: три лица со повреди пренесени во болница

Вчера околу 21:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „11 Октомври“ со улицата „Филип Втори“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(64) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(53) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „сузуки“, С.П.(73) од Прилеп, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Од заталкани куршуми оштетени две возила на различни локации во Скопје

Вчера во 16:15 часот во СВР Скопје, 49-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека во периодот од 13:30 до 15:45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото возило „форд“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка.
Исто така вчера, во 16:15 часот во СВР Скопје, 40-годишниот Ј.Ј. од Скопје пријавил дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки.
Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка.
Полицијата работи на расчистување на случаите.
Црна хроника
Тешко повреден 21-годишник од Скопје: со мотоцикл удрил во „форд“

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Гемиџиска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.К.(58) од Скопје и мотоцикл „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Г.(21) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од уводна екипа на СВР Скопје.