Македонија
Мицкоски: Македонија се соочува со криза, а владата дава 270.000 за фризерница и пари за обука на магариња
Македонија се соочува со огромна здравствена и национална криза, а владата дава 270.000 за фризерница и пари за обука на магариња, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Македонија се соочува со огромна здравствена и би рекол национална катастрофа. Само денес 383 новозаразени, додека 7 животи згаснаа поради Ковид, тоа се 7 семејства кои изгубија свој близок, 7 места помалку на трпезите во 7 семејства. Тоа се личности со име и презиме, а не само бројка. Денес секој 4ти кој се тестирал за Ковид е позитивен. Што направи Владата? Владата дава пари од 270 илјади евра за берберница и пари за обука на магариња и коњи. Неспособноста на Владата чини животи“, напиша тој на „Фејсбук“.
Според Мицкоски, владата има две опции: или системот мора да профункционира за да се спасат животи или оставки веднаш.
„И една порака до челниците на Владата кои делуваат како мафија: украдовте избори, делевте картички, парите на народот ги трошевте додека сите нѐ задолжувавте, брутално крадете, нема гадост која не ја направивте и работа за која не излажавте, сето тоа не придонесе да се решат проблемите, вие тие проблеми ги создавате. Имате две опции, или системот мора да профункционира за да се спасат животи или оставки веднаш. Животите се прескапи за мафијата толку евтино да си игра со нив“, напишаМицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денес ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Со тоа ќе стане извесно кој се’ ќе ги носи клучните одлуки во опозициската партија која в година повторно ќе треба да се соочи со гласачите на локалните избори
Социјалдемократите известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.
Македонија
Лашкоска: Обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот, Андон Сарамандов, се приклучија на акцијата за масовно пошумување и подигање на јавната свест „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“ во рамките на која на месноста Топлик, Гевгелија се засадуваа 6000 дрвни насади.
„Министерството за животна средина ги поддржува активностите за пошумување во државата бидејќи тие се значаен ресурс од повеќе аспекти – заштита на биодивезитетот, подобрување на квалитетот на воздухот, климатските промени, заштита од ерозија и свлечишта и се важен економски ресурс“ изјави Лашкоска на настанот потенцирајќи дека обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво особено во услови кога сме соочени со многу високи летни температури и со сериозно опожарување на шумите на територијата на целата држава.
Таа упати честитки и благодарност до градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов и општина Гевгелија за одлично реализираната акција.
Во рамките на посетата на општина Гевгелија, заменик министерката Лашкоска и градоначлникот Сарамадов направија увид во реализацијата на проектот за намалување на загуби на вода со замена и инсталација на водомери заедно со инсталација и конфигурација на опрема со далечинско отчитување. Проектот го имплементира ЈКПД Комуналец Гевгелија, а е финансиски поддржан од страна на МЖСПП со средства во висина од 5 милиони денари.
Македонија
СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Од опозициската партија известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.