Свет
Британските научници ја тестираат вакцината за туберкулоза како заштита од коронавирус
Британските научници започнаа со тестирање на вакцината Бе-Се-Же, развиена во 1921 година, што може да се искористи за борба против ширењето на коронавирусот, имајќи предвид дека постојат некои индикации дека вакцината против туберкулоза обезбедува некаква форма на заштита од други инфекции. Во студијата спроведена на Универзитетот во Ексетер ќе учествуваат околу 1.000 луѓе, пишува Би-Би-Си.
Само во Велика Британија милиони луѓе биле вакцинирани против туберкулоза како деца, но научниците претпоставуваат дека тие ќе мора да бидат повторно вакцинирани за да се постигне потенцијален ефект на заштита.
Вакцините делуваат така што го „тренираат“ нашиот имунолошки систем, со што ни гарантираат долгорочна заштита од одредена инфекција.
Сепак, овој процес предизвикува големи промени во имунолошкиот систем, со што можеби се зајакнува одговорот и на други инфекции и на тој начин се обезбедува некаква форма на заштита од коронавирус, објаснуваат британските научници.
Бе-Се-Же треба да служи за да не се разболи човекот ако се зарази со коронавирус.
„Ова знаење би можело да биде од голема глобална важност“, изјави професорот Џон Кембел од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Ексетер.
„Иако не веруваме дека ова може да обезбеди заштита од коронавирусна инфекција, тоа може потенцијално да ни„ купи време “или да ни гарантира уште неколку години додека не се развие вакцина и други ефективни видови лекови за болеста“, смета тој.
Студијата, спроведена во Велика Британија, е дел од меѓународната студија BRACE, што се спроведува истовремено во Австралија, Холандија, Шпанија и Бразил и во која учествуваа вкупно 10.000 луѓе.
Фокусот ќе биде насочен на здравствените работници, бидејќи тие се почесто и поизложени на коронавирусот, па научниците побргу ќе дознаат дали вакцината е ефикасна.
Сепак, научниците велат дека вакцината за туберкулоза не може да биде долгорочно решение
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

