Спорт
Французите се светски шампиони, но Кристијано Роналдо е ѕвездата!

Вчера на „Стад де Франс“, светскиот шампион Франција го пречека европскиот шампион Португалија, во меч кој заврши 0:0, и кој очигледно француските фудбалери го искористија за фотографирање со Кристијано Роналдо, единствената вистинска ѕвезда на теренот.
Килијан Мбапе беше „најпогоден“, откако напаѓачот на ПСЖ никогаш не криеше дека го обожува Роналдо и на Инстаграм напиша кратко: „Идол“! Младиот Едуардо Камавинга, кој иако не доби шанса на теренот успеа да го смени дресот со ЦР7, по што на Инстаграм напиша дека „никогаш нема да го испере“.
Со свои статуси на Инстаграм со Роналдо се пофалија и Преснел Кимпембе, Лукас Ернандез и поранешниот соиграч од Реал Мадрид, Рафаел Варан.
? @ecama10 after swapping shirts with @Cristiano: “I won’t wash it” pic.twitter.com/JHG4QYNHis
— 433 (@433) October 12, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“