Црна хроника
Оружје, муниција, бомби и експлозиви откриени во ресенско Лева Река
Битолската полиција против 64-годишен и 40-годишен жител на ресенското село Лева Река, поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека сториле кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, а истражен судија на двајцата им одреди мерка притвор од по 30 дена. Кај двајцата се пронајдени големи количества огнени оружја, муниција, рачни бомби, експлозиви и експлозивни направи.
Првопријавениот идентификуван како 64-годишниот А.Ј. подолг временски период, во својот дом и објектот кој го користи во село Лева Река, неовластено држел поголемо количество огнено оружје, муниција и експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети.
На 31-ви мај припадници на одделот за недозволена трговија и држење оружје во битолската полиција со налог за претрес од Основен Суд Битола бил извршен претрес при што беа пронајдени и одземени автоматски пиштол кал. 7,65 мм; крабин марка „Steyer М.95“; ловен карабин од непозната марка; една автоматска пушка М-70 АВ 2 кал. 7,62 мм; четири котури различна големина со фитил; една запалка за рачна бомба; три парчиња експлозив; четири рачно изработени направи со експлозив; две рачно изработени експлозивни направи; една рачна бомба; една рачна бомба М-52; една рачна бомба М-75 спакувана во пластика, една рачна бомба М-75, една рачна граната РФБ; една рачна бомба; 13 парчиња детонаторски каписли во дрвена кутија, седум парчиња каписли; осум парчиња детонаторска каписла; едно пластично кутивче со барут; еден пневматски пиштол марка ТЕХ; чифт лисици; една паковка со 30 парчиња дијаболи за воздушен пиштол; еден рачно изработен куршум; 47 чаури од разна муниција; 24 зрна од куршуми стари; 185 зрна од куршуми – нови; 12 рамки за автоматска пушка; четири рамки за автоматски пиштол; две рамки за карабин; две рамки за пиштол кал.9 мм; 23 парчиња патрони за ловна пушка; 260 парчиња муниција од различен калибар; едно најлонско паковање со барут; осум зрна стари од муниција; 1.910 парчиња куршуми кал. 7,62 мм; 48 парчиња куршуми кал.7,62 мм х 54 Р; 14 парчиња куршуми кал. 7,62 мм х 39; 70 парчиња куршуми кал. 7, 65 мм за пиштол; осум маневарски куршуми кал. 7,62 мм; еден куршум ремингтон магнум кал.44 мм.; 76 парчиња куршуми 308 Винчестер; 94 парчиња куршуми лугер кал.9мм.; 11 парчиња куршуми кал.9 мм.; 48 парчиња куршуми за малокалибарска пушка кал. 22.
При претресот на објектот, сега приведениот одбивал доброволно да го отвори, по пто припадниците на полицијата насилно ја отвориле вратата од објектот во присуство на девет лица од селото кои потврдиле дека објектот пријавениот го користел долг временски период за свои потреби и во него е пронајден дел од одземените предмети.
Второпријавениот С.Ј. исто така, подолг временски период во својот дом во Лева Река неовластено држел поголемо количество муниција со различен калибар, а која на граѓаните им е забранета или треба да поседуваат соодветна дозвола за носење и поседување на оружје од тој калибар. Со судска Наредба извршен е претрес и во неговиот дом при што беше пронајдено поголемо количество на муниција со различен калибар.
Така, при претресот пронајдени и одземени: една ловна пушка марка „Ц.Застава“ со кал. 16 мм; еден ловен карабин марка „Ц.Застава“ кал 7,62х 39; 22 парчиња ловна муниција кал.16; 15 петнаест парчиња ловна муниција кал.12 мм; 15 парчиња ловна муниција кал.7,9 мм; 22 парчиња ловна муниција кал. 8х57; 45 парчиња ловна муниција кал.7,62х39 мм; 14 парчиња ловна муниција кал.7,62х54Р; 114 парчиња ловна муниција кал.7,62 мм./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

