Контакт

Вести

Во американските напади во Сирија погодени силоси за жито, пак загинаа цивили

Објавено пред

Во американските воздушни удари ноќта кон понеделникот погодени се силоси за жито и други цели на територијата која е под контрола на Исламската држава во северна и источна Сирија и притоа загинале цивили, извести во понеделникот Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон.
 

dobivaj vesti na viber

Во американските воздушни удари ноќта кон понеделникот погодени се силоси за жито и други цели на територијата која е под контрола на Исламската држава во северна и источна Сирија и притоа загинале цивили, извести во понеделникот Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон.

 

Американските борбени авиони можеби ги замениле мелниците и силосите за складирање на житарки во северниот сириски град Манбиј, со бази на џихадистите од Исламската држава, се наведува во соопштението на SOHR. Официјален Вашингтон засега не се огласи. Манбиј се наоѓа меѓу градот Алепо на заапд м и курдскиот град Кобани на северната граница со Турција. САД од минатата седмица изведуваат воздушни напади против Исламската држава и другите исламистички борци во Сирија со помош на нивните арапски сунитски сојузници кои се инаку противници на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Нивната цел е да се уништат базите, силите и линиите за снабдување на Исламската држава и на другите ограноци на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда кои заземаа големи области во Ирак и во Сирија.

Изгледа дека во нападите во Манбиј се убиени само цивили, а не и милитанти, изјави за AFP Рами Абдулараман, сопственик и директор на SOHR која своите извештаи ги темели на искази на очевидци и свои активисти на теренот во Сирија. „Тоа биле работници во силосите“, изјавил Абдулраман. Тој не знае колку точно луѓе настрадале, а неговиот извештај засега не може да биде проверен од независни извори.

Претходно во неделата организацијата за човекови права Human Rights Watch (HRW), објави дека во американските воздушни удари врз позициите на џихадистите од исламската држава во северозападна Сирија загинале најмалку седум цивили и повикува на покренување истрага за можно кршење на военото право./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Антикорупциска нема да постапува против директорот на АНБ, Бојан Христовски – за веродостојноста на сертификатот велат дека не се надлежни

Антикорупциската комисија го затвори предметот за именувањето на директорот на АНБ, Бојан Христовски. За сертификатот по англиски јазик, издаден од...

Македонија12 часа

Одлуката за притвор за Груби останува во важност: Кривичниот суд ја одби жалбата

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, ја одби жалбата на одбраната на поранешниот вицепремиер, Артан Груби. „Кривичниот совет при...

Економија14 часа

Мицкоски најави робусна акција и за покачените цени: Апелирам големите трговски синџири да се преиспитаат, срамота е ова што го прават пред празниците

Вонредни инспекции и робусна акција ќе има во следниот период против девијантното однесување на маркетите, кои на сметка на новогодишната...

Топ15 часа

72-годишна скопјанка загина по удар од возило: била прегазена на раскрсница

Синоќа во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје,...

Македонија15 часа

(Видео) ДПМНЕ го пушти Груби да избега: „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат, „случајно“ згрешил службеникот на границата, вели Кузеска

„Со потсмев ги следиме обидите на ДПМНЕ да ја префрли вината за бегството на Груби врз СДСМ. Тоа е само...

Македонија16 часа

Мисајловски најави вработувања: В година ќе има оглас за 300 нови професионални војници и 60 луѓе со цивилни факултети

В година Армијата ќе вработи нови професионални војници, граѓани со цивилни факултети, но и администрација потребна на Министерството за одбрана,...

Македонија16 часа

По 12 години пауза, Скопје ќе се поврзе со авиолинија со Амстердам

ТАВ Македонија, подружницата на ТАВ Аеродроми, објави дека по 12 години пауза Скопје ќе се поврзе со авиолинија со Амстердам,...

Регион16 часа

(Видео) Снежно невреме парализира колона возила со 70 лица во БиХ, спасувачката акција траеше 10 часа

Снегот кој непрекинато паѓа повеќе од 24 часа во поголемиот дел од БиХ, денеска предизвика бројни потешкотии во патниот сообраќај,...

Македонија18 часа

СДС и Венко Филипче знаеја, молчеа и го одобруваа криминалот на Груби, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС му слугуваа на ДУИ и на Артан Груби. Тоа го знаат сите и се беше на очиглед на целата...

Македонија18 часа

Храната е прескапа, со ДПМНЕ и Мицкоски граѓаните осиромашуваат, велат од СДСМ

„Храната е прескапа, цените на основните производи вртоглаво се зголемуваат. Освен трговците граѓаните немаат никаква корист од новогошната кошничка. Последните...

Македонија19 часа

Најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најладно било на Попова Шапка каде што се измерени -5 степени. -2 било во Маврови Анови, -1 во Тетово...

Свет19 часа

Судењето за обидот за атентат врз Трамп е одложено

Американски судија го одложи судењето на осомничениот за вториот атентат на новоизбраниот претседател Доналд Трамп до септември 2025 година, според...

Свет19 часа

Израел првпат потврди дека стои зад атентатот на лидерот на Хамас

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац за прв пат потврди дека Израел стои зад атентатот на лидерот на Хамас Исмаил...

Европа20 часа

Зеленски: Бројот на загинати и ранети севернокорејски војници надмина 3.000

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека бројот на загинати и ранети севернокорејски војници во областа Курск надминува 3.000 луѓе. „Постојат...

Свет20 часа

Путин откри дека ќе се сретне со Ал Асад, една работа останува мистерија

Рускиот претседател Владимир Путин има намера да се сретне со сменетиот сириски претседател Башар ал-Асад, кој доби политички азил во...

Свет20 часа

Бил Клинтон хоспитализиран

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е хоспитализиран во Вашингтон откако разви треска, изјави неговиот главен помошник за Ен-би-си Њуз во...

Македонија21 час

Забрани за движење товарни возила на неколку патни правци

АМСМ известува дека се воведени забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци: · Дебар – Маврово...

Македонија2 дена

Ова беше година на револуционерни реформи, не потклекнавме на обидите за политички притисок, рече претседателот на Уставниот суд

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски денеска одржа прес-конференција на која даде свое осврт за 2024 година, од аспект на...

Македонија2 дена

(Видео) По тротинети ќе се изнајмуваат и електрични автомобили

Министерството за енергетика рударство и минерални суровини и министерството животна средина и просторно планирање, денес објавија чекор напред кон одржлива...

Македонија2 дена

(Видео) Се одбројуваат денови до отворање на ски-центарот „Михајлово“, граѓаните предлагаат доживотен мандат за градоначалникот Јанчев

По интензивните врнежи од снег во Михајлово, се одбројуваат деновите за отворање на скијачкиот центар, напиша градоначалникот на Кавадарци, Митко...