Црна хроника
Обвинение за разбојници кои со француски клуч претепале човек пред полициска станица

Гостиварското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против две лица кои го сториле кривичното дело насилство.
Настанот за кој се товарат обвинетите се случил на 24 ноември минатата година, кога тие заедно повредиле едно лице и извршиле грубо насилство.
Откако оштетениот со своето семејство со возило пристигнал до полициска станица да пријави настан, првообвинетиот го удрил со француски клуч, а второобвинетиот со тврд предмет во пределот на главата.
На настанот присуствувале повеќе лица, кај кои од стореното кривично дело било предизвикано чувство на несигурност, загрозување и страв.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Торба со марихуана пронајдена во автобус во затворот Идризово

Торба со марихуана е пронајдена во автобус паркиран во гаража во затворот Идризово.
Според информациите на МВР, денеска околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 17.08.2025 околу 21:00 часот била извршена контрола и претрес во надворешното отворено одделение и објектите во дворот на установата, при што во стар автобус паркиран во гаражата била пронајдена една торба во која имало марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Два автомобили и автобус се судрија на патот Кичево – Гостивар, повредени деца

Вчера во 10:00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Длапкин дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.К.(44) од с.Стрелци, кичевско, „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(47) од Скопје и автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(39) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил деветгодишен патник во автобусот од Република Турција, додека со телесни повреди се здобиле Ф.А.Д.(44) од Република Турција, исто така патник во автобусот, 13-годишник од Скопје и И.П.(46) од Скопје, сопатници од возилото „форд“ и 11-годишник од с.Стрелци, кичевско, сопатник од возилото „ауди“, констатирани во Медицински центар Кичево.
Известен бил јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево.
Црна хроника
Обид за убиство во хотел во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид.
Според информациите на МВР, на 25 јули во хотел на охридското крајбрежје во Охрид, тој физички нападнал жител на Скопје, при што употребил и нож, по што набргу бил совладан и уапсен.