Спорт
„Не успеав да го донесам Роналдо, а Реал двапати го одбив“

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, во интервју за Би-би-си открил што се случувало во клубот додека тој бил таму. Венгер, кој 22 години го предводел Арсенал, рекол дека имало златни и тажни денови и дека поради „топџиите“ одбил неколку добри понуди.
„Не знаете многу луѓе што двапати ја одбиле понудата на Реал Мадрид“, рекол Венгер и дополнил:
„Решив да останам со тим што немаше ресурси за да го освои првенството. Но, си ветив дека доколку некогаш добијам шанса да го водам Арсенал, ќе одам до крај“.
Открил дека му е жал што не успеал да го донесе Кристијано Роналдо.
„Не жалам што го одбив Реал Мадрид, за разлика од тоа, жал ми е што не успеав да го потпишам Кристијано Роналдо. Секако дека размислувам како ќе изгледаше тоа, Роналдо да играше со Анри, Беркамп, Пирес, Вилторд. Можеби ќе постигнеа 200 гола во една сезона“.
За разлика од Роналдо, поинаку размислува за Ибрахимоиќ.
„Златан беше 17-годишник кој играше во Малме, во втората лига во Шведска. Него никој не го познаваше“, заклучил Венгер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ВИДЕО: Романците во последниот напад ја скршија Австрија, победи за Данска, Полска и за Хрватска

Романија го одржа чекорот во трката за баражот за второто место откако на домашен терен ја совлада Австрија со 1-0. Херој на мечот беше Вирџил Гита, кој постигна гол во 95-тата минута, само дваесетина минути откако влезе како замена, донесувајќи значаен триумф за својот тим.
VIRGIL GHITA 🇷🇴🇷🇴🇷🇴🇷🇴🇷🇴🇷🇴
GOOOOOOL ROMANIAAAAA BUZZER BEATER, ASSIST IANIS HAGI
LOCKED IN, CALIFICAREA SE JOACApic.twitter.com/Kmwb0rgdLB
— Foot Roumain 🇷🇴 (@FootRoumain) October 12, 2025
Данска ја реши Грција уште во првото полувреме, славејќи со 3-1. Расмус Хојлунд отвори резултат во 21. минута, а потоа погодоците ги постигнаа Андерсен и Дамсгард. Грците успеаја да постигнат само почесен гол преку Христос Цолис во второто полувреме.</p
>Полска запиша гостинска победа над Литванија со 0-2. Шимански го отвори резултатот уште во 15. минута, а Роберт Левандовски ја потврди победата со погодок во 64. минута.
Хрватска очекувано го победи Гибралтар со 3-0. Деби голот на Фрук донесе предност, а иако Ловро Мајер промаши пенал, Сучиќ и Ерлиќ се погрижија за убедлив триумф на „коцкестите“.
Спорт
Данев: После Ерменија, да jа победиме и Црна Гора

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година е во ек на подготовките за новиот квалификациски предизвик, наречен гостински дуел против Црна Гора. По стартните порази од Полска и Италија, Македонија во Битола ја победи Ерменија со 2-1 и ги освои првите бодови во овој квалификациски циклус.
Тоа секако дека е добар знак со оглед на лошиот старт на квалификациите, но ништо не е загубено има уште многу бодови на располагање кои треба да се освојат.
„Триумфот против Ерменија пред домашната публика ни даде „ветар во грб“ што се вели. Победата е во вистински момент, на најдобар начин пред наша публика. Атмосферата сега ни е на највисоко ниво. Нема потреба од еуфорија во нашиот табор, туку сосема спротивно. Концентрирано и одговорно одиме во Црна Гора да одиграме уште еден дуел и да освоиме нови бодови. Што се однесува до противникот, се работи за добар состав, кој како и секој друг ривал има позитивни но и негативни страни. Наше е да ги поправиме техничките грешки во нашата игра, да го подигнеме нивото на уште едно скалило и нормално да ги освоиме бодовите кои ќе ни дадат уште поголем стимул и подобра позиција во овие квалификации“, изјави Димитар Данев за сајтот на ФФМ.
Спорт
Левандовски заминува од Барселона по завршувањето на сезоната

Роберт Левандовски ќе ја напушти Барселона по крајот на оваа сезона, открива каталонски „Спорт“. 37-годишниот полски напаѓач оваа сезона во Ла Лига има седум настапи и четири голови, но сѐ почесто се наоѓа на клупата поради фаворизирањето на Феран Торес.
Во Барселона веќе се разгледуваат потенцијални наследници, а најчесто споменуван е 21-годишниот Карл Ета Ејонг од Леванте.
Левандовски пристигна во Барселона во 2022 година, по одличните настапи во Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, со кој во 2020 година освои тројна круна под водство на сегашниот тренер на Барса, Ханси Флик.