Црна хроника
Откриен уште еден илегален бутик во Скопје

При претрес на стан импорвизиран бутик во стан во скопската населба Ново Лисиче, откриено е поголемо количетво брендирана облека од марките ,„Hugo Boss“, „Armani“,„D&G“, „Cavalli“ „Profilo“, „Versace “, „ Valentino“ и други познати светски брендови
При претресот на домот биле пронајдени и запленети 94 парчиња луксузна облека, и тоа: машки костуми, машки кошули, фармерки, фустани, јакни, блузи и обувки кои биле закачени на закачалки и изложени во рафтови за продавање, за што не постои никаква документација. Царинските инспектори од Одделението за истраги, по повеќе месечно следење на движењата скопјаните чијшто идентитет Царинската управа го означува со иницијалите Н.В и Х.Ш, откриле во приватен стан нелегален бутик за облека во кој била изложена стока, за која постои сомневање дека е илеглано внесена во земјата.Во средата по наредба на истражен судија од Основниот суд во Скопје, овластени службени лица од Одделението за истраги при Царинската управа на Република Македонија, извршиле претрес на станот и други простории, поради сомнение дека во нив двете лица продаваат криумчарена стока од познати светски брендови. Засега нема процена на штетат што го претрпела државната каса од оваа нелеглана продажба на луксузни парчиња облека. Против двајцата скопјани се спроведува предистражната постапка, а како што најавуваат од Царинската управа против нив ќе биде поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
МВР: Лишени од слобода две лица во Струга, на градската депонија предизвикале пожар

Две лица се лишени од слобода во Струга откако биле затекнати при палење отпад и предизвикување пожар на градската депонија, информира Министерството за внатрешни работи.
„На 02.08.2025 во 20:30 часот, на градската депонија во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Ф.Н.(61) од Струга и Е.В.(38) од Прилеп, кои претходно, од страна на вработени во Територијалната противпожарна единица Струга биле затекнати на депонијата како горат душеци и топат бакарни жици, при што предизвикале пожар. Против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави“, стои во известувањето од МВР.
Црна хроника
МВР: Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

Полицијата изврши претреси во Неготино и Кавадарци.
„На 02.08.2025 во 17:20 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода З.И.(24) од Неготино. По издадена судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес и ОВР Неготино, извршија претрес во неговиот дом, при што се пронајдени и одземени 2 000 евра, мобилен телефон и зелена растителна материја. З.И. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.08.2025 во 18:35 часот, полициски службеници за недозволена трговија со дрога од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.А.(31) од Кавадарци. По претходно издадена судска наредба, при извршен личен претрес кај него била пронајдена и одземена зелена растителна материја, а при претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, зелена растителна материја, 21 семка и пакување со цветови од зелена растителна материја. Ј.А. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Црна хроника
Запленета поголема количина брендирана стока без документација, лишено од слобода едно лице

Полицијата заплени поголема количина брендирана стока без соодветна документација и приведе едно лице, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„На 01.08.2025 околу 20:00 часот на наплатна рампа Романовце, на автопатот Скопје-Куманово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ, бил лишен од слобода Д.Ц. (30) од Крива Паланка, затоа што при преглед на возилото „ауди“, кое тој го управувал, пронајдена е поголема количина на брендирана стока, без соодветна документација. По документирање на случајот, против Д.Ц. ќе биде поднесена кривична пријава по чл 285 ст.1 од КЗ“, стои во известувањето од МВР.