Спорт
ЛН: Франција пак ја доби Хрватска, Португалија „гази“ и без Роналдо
Франција повторно ја совлада Хрватска во втората реприза од финалето на Светското првенство во 2018, откако во Загреб со 2:1 славеше над „коцкестите“, за да ја продолжи битката со Португалија за првото место во групата 3 од Лигата на нации, откако и без Кристијано Роналдо, тие беа убедливи со 3:0 против Шведска.
Антоан Гризман уште во осмата минута со прекрасен гол донесе предност за тимот на Дидие Дешам, но Никола Влашиќ во 65. минута им даде надеж на домаќините. Килијан Мбапе во 79. минута обезбеди нова победа за светските шампиони. За Португалија, фудбалерот на Ливерпул Диого Жота постигна два гола и имаше асистенција за фантастична победа.
Во групата 2, Белгија на Исланд славеше со 2:1 со нови два гола на незапирливиот Ромелу Лукаку, додека Англија на „Вембли“ загуби од Данска со 0:1, откако Хери Мегваер доби црвен картон по половина час, а Кристијан Ериксен од пенал донесе победа за гостите.
Италија и Холандија во Бергамо одигра 1:1, откако Лоренцо Пелегрини ги донесе „аѕурите“ во водство, а Дони ван де Бек со својот прв репрезентативен гол израмни за Холандија. Во групата 1 лидери се Полјаците по 3:0 победата над Босна и Херцеговина – Полска има 7, Италија 6, а Холандија 5 поени.
ЛИГА НА НАЦИИ
ЛИГА А, ГРУПА 1
Италија – Холандија 1:1
Полска – Босна и Херцеговина 3:0
Табела: 1.Полска 7, 2.Италија 6, 3.Холандија 5, 4.БиХ 2
ЛИГА А, ГРУПА 2
Англија – Данска 0:1
Исланд – Белгија 1:2
Табела: 1.Белгија 9, 2.Данска 7, 3.Англија 7, 4.Исланд 0
ЛИГА А, ГРУПА 3
Хрватска – Франција 1:2
Португалија – Шведска 3:0
Табела: 1.Португалија 10, 2.Франција 10, 3.Хрватска 3, 4.Шведска 0
ЛИГА Б, ГРУПА 1
Норвешка – Северна Ирска 1:0
Романија – Австрија 0:1
Табела: 1.Австрија 9, 2.Норвешка 9, 3.Романија 4, 4.С.Ирска 1
ЛИГА Б, ГРУПА 3
Русија – Унгарија 0:0
Турција – Србија 2:2
Табела: 1.Русија 8, 2.Унгарија 7, 3.Турција 3, 4.Србија 2
ЛИГА Б, ГРУПА 4
Финска – Ирска 1:0
Бугарија – Велс 0:1
Табела: 1.Велс 10, 2.Финска 9, 3.Ирска 2, 4.Бугарија 1
ЛИГА Б, ГРУПА 2
Словачка – Израел 2:3
Шкотска – Чешка 1:0
Табела: 1.Шкотска 10, 2.Чешка 6, 3.Израел 5, 4.Словачка 1
ЛИГА Ц, ГРУПА 3
Грција – Косово 0:0
Молдавија – Словенија 0:4
Табела: 1.Словенија 10, 2.Грција 8, 3.Косово 2, 4.Молдавија 1
ЛИГА Ц, ГРУПА 4
Литванија – Албанија 0:0
Белорусија – Казахстан 2:0
Табела: 1.Белорусија 7, 2.Литванија 5, 3.Албанија 5, 4.Казахстан 4
ХРВАТСКА – ФРАНЦИЈА
ПОРТУГАЛИЈА – ШВЕДСКА
АНГЛИЈА – ДАНСКА
ИТАЛИЈА – ХОЛАНДИЈА
ИСЛАНД – БЕЛГИЈА
ПОЛСКА – БОСНА и ХЕРЦЕГОВИНА
БУГАРИЈА – ВЕЛС
РУСИЈА – УНГАРИЈА
НОРВЕШКА – С.ИРСКА
ТУРЦИЈА – СРБИЈА
ШКОТСКА – ЧЕШКА
ФИНСКА – ИРСКА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сабаленка го освои Бризбејн
Арина Сабаленка ја отвори новата сезона со трофеј на турнирот во Бризбејн.
Белоруската тенисерка рутински славеше во финалето против Марта Костјук со 2:0 (6:4, 6:3).
Арина ја освои својата 22-ра титула во кариерата и прва од Отвореното првенство на САД во 2025 година. Ова е нејзина шеста титула на турнирите од Серијата 500.
Сабаленка ги отвори двата сета со 3:0 и брзо стави до знаење во која насока оди овој натпревар, и дека ќе го освои купот во Бризбејн без премногу проблеми.
Следниот предизвик за Сабаленка е Отвореното првенство на Австралија, каде што освои два трофеи во последните три години. Минатата година, во финалето беше поразена од Медисон Кис.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Шарлот со 55 поени разлика ја декласира Јута
Кошаркарите на Шарлот убедливо ја победија Јута со 150:95, изминатата ноќ во НБА лигата. Ова е втората најголема победа во историјата на франшизата и најубедлива на гостински терен.
Веќе по првата четвртина, беше јасно дека Јута Џез ќе доживее дебакл, гостите погодија апсолутно сè и го добија првиот период со неверојатни 45:14.
Јута не можеше да се опорави од тоа, а Шарлот само продолжи да ја зголемува својата предност, која достигна максимум +56 во текот на третата четвртина.
Хорнетс постигнаа дури 16 тројки во текот на првото полувреме, во споредба со само една на домаќините.
Најефикасни кај Шарлот беа Тре Мен со 20, Брендон Милер со 18, Ламело Бол со 17, Мајлс Бриџис и Колин Секстон со по 15, Џош Грин со 13, Рајан Калкбренер и Кон Кнуепел со по 12 и Муса Диабате со десет поени и десет скока.
Кај Јута најдобар беше Брајс Сенсебо со 26, односно Ајзеа Коли со 17 поени.
Резултати:
Кливленд – Минесота 146:134
/Мичел 28 – Едвардс 25/
Индијана – Мајами 123:99
/Е. Нембхард 29 – Хиро 21/
Детроит – ЛА Клиперс 92:98
/Робинсон 20 – Леонард 26/
Бостон – Сан Антонио 95:100
/Вајт 29 – Вембањама 21/
Чикаго – Далас 125:107
/Вајт 22 – Р. Нембхард 16/
Спорт
Гундоган го убедува Силва да се пресели во Галатасарај
Галатасарај, во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе во Истанбул, Бернардо Силва (31).
Догороворт на Португалецот со Манчестер Сити истекува во јули, а познато е дека клубот нема да му понуди нов. Ова значи дека Бернардо веќе може да преговара со заинтересираните клубви.
Галатасарај, преку Илкај Гундоган (35), стапил во контакт со Португалецот.
Улогата на Илкај Гундоган е важна, бидејќи тој е еден од најдобрите пријатели на Силва и негов поранешен соиграч во Сити.
Гундоган разговарал со Силва и му го претставил турскиот клуб во многу добро светло, открива инсајдерот Николо Скира.
Бернардо Силва е легенда на Сити, со кого освои 18 трофеи од 2017 година.

