Македонија
ДУИ: Ситуацијата предизвикана од вирусот бара одговорност од сите и почитување на мерките
Бројот на новозаразени од Ковид-19 во Република Северна Македонија, земјите од регионот и во цела Европа во последните денови континуирано расте во есенскиот бран на пандемијата. Почитувањето на протоколите, како што се носењето маска, одржувањето дистанца и дезинфекција, односно одржување на хигиената, е најефективната и најдобра заштита за личното и за јавното здравје, соопшти ДУИ.
„Демократската унија за интеграција како сериозна партија им препорачува на граѓаните да не дозволуваат нашиот здравствен систем да не може да обезбеди грижа за сите што имаат потреба бидејќи нашите болници се веќе полни. Строгото придржување кон мерките, носењето маска, одржувањето дистанца и редовната дезинфекција, односно хигиената воопшто, остануваат најдобрите начини да се спречи колапсот на нашиот здравствен систем.
Владата веќе донесе нови мерки, што ќе стапат во сила веднаш по усвојувањето на законските измени во Собранието, овие мерки се во насока на заштита на јавното здравје. Состојбата со новиот бран на погодените од Ковид-19 е исклучително тешка, зависи од нас самите колку бргу ќе можеме да ја стабилизираме оваа состојба што ја погоди не само нашата земја туку и целиот свет. Овој удар на вирусот зависи од однесувањето на граѓаните и почитувањето
на сите мерки и протоколи“, велат од партијата.
Според ДУИ, со скриениот непријател Ковид-19 мора да се бориме заедно и сите без исклучок мора строго да ги почитуваме мерките за заштита на личното и јавното здравје, да носиме маски, да одржуваме дистанца и да се грижиме за редовна дезинфекција, односно хигиената воопшто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.