Македонија
Рекордни 535 новозаболени од Ковид-19 во Македонија, починале шест лица
Во последните 24 часа потврдени се 535 нови случаи на коронавирус во Македонија, а починале шест лица.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.445 тестирања, а регистрирани се 535 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 277, Куманово – 17, Дебар – 7, Штип – 22, Прилеп – 26, Тетово – 18, Струга – 8, Велес – 10, Битола – 13, Охрид – 4, Кавадарци – 4, Гостивар – 5, Гевгелија – 24, Струмица – 30, Крива Паланка – 2, Радовиш – 6, Кочани – 12, Пробиштип – 3, Демир Хисар – 2, Македонски Брод – 1, Валандово – 5, Виница – 1, Делчево – 1, Свети Николе – 9, Кичево – 15, Ресен – 8, Неготино – 5.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 168 оздравени пациенти од: Скопје – 68, Штип – 4, Прилеп – 14, Тетово – 11, Струга – 4, Велес – 5, Битола – 10, Охрид – 2, Кавадарци – 2, Гостивар – 3, Гевгелија – 5, Струмица – 8, Кочани – 14, Пробиштип – 1, Берово – 5, Виница – 4, Делчево – 2, Свети Николе – 3, Кичево – 1, Неготино – 2.
Во болнички услови починати се шест лица, пациенти од Битола (66г), Куманово (57г), Прилеп (72г), Свети Николе (69г), Велес (67г) и Неготино (55г).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22.170, бројката на оздравени пациенти е 16.758, на починати е 815, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.597.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 9149, активни 2178
• Куманово 1915, активни 184
• Дебар 301, активни 43
• Штип 1402, активни 143
• Прилеп 865, активни 192
• Тетово 1640, активни 233
• Струга 735, активни 69
• Велес 402, активни 73
• Битола 416, активни 113
• Охрид 480, активни 62
• Кавадарци 288, активни 65
• Гостивар 1008, активни 86
• Гевгелија 229, активни 112 (13 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 32 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 503, активни 303
• Крива Паланка 163, активни 56
• Радовиш 154, активни 68
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 524, активни 199
• Пробиштип 133, активни 20
• Демир Хисар 64, активни 3
• Македонски Брод 96, активни 3
• Пехчево 48, активни 4
• Берово 155, активни 46
• Валандово 69, активни 41
• Виница 142, активни 43
• Делчево 196, активни 102 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 27, активни 3
• Свети Николе 416, активни 64
• Кичево 378, активни 51
• Ресен 179, активни 18
• Неготино 73, активни 20 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 19 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 63 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 деца и 9 мајки позитивни на Ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 5 приеми, а вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респиратор е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 40, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани ХХ, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 96
• Гази Баба – 213
• Аеродром – 429
• Карпош – 373
• Центар – 395
• Кисела Вода – 257
• Ѓорче Петров – 183
• Бутел – 82
• Шуто Оризари – 14
• Студеничани – 3
• Сарај – 15
• Арачиново – 4
• Илинден – 32
• Сопиште – 18
• Чучер Сандево – 6
• Петровец –10
• Зелениково – 5
• Странец – 12
• Нераспределен-31
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Перински: Охрид и Крушево го отвораат новиот циклус на ИПА III проекти за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денес во Охрид го означи почетокот на реализацијата на два нови проекти одобрени во рамките на првиот повик на ИПА III Програмата за прекугранична соработка со Република Албанија.
Настанот започна со воведни обраќања на Перински, Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија, Еридана Чано, генерален директор на Државната агенција за стратешко програмирање и координација на помош во Република Албанија, како и градоначалниците на Општина Охрид и Крушево, Кирил Пецаков и Нико Чонески.
Во рамките на настанот беа потпишани два договори за национално кофинансирање меѓу Министерството за локална самоуправа и носителите на проектите, како и Договорот за партнерство за техничката помош на Програмата за прекугранична соработка со Албанија, во висина од 500.000 евра.
„Овие две нови инвестиции во вкупна вредност од повеќе од 1.6 милиони евра ќе придонесат за создавање одржлив туристички производ, кој ја спојува природата, културата и автентичноста на целиот регион.“, истакна Перински.
Проектот „Волонтери во акција за безбедност на луѓето и заштита на природата“ е во рамките на тематски приоритет 1 – Заштита на животната средина и подигнување на отпорноста на регионот, додека пак проектот „Крушево и Елбасан – патување низ природата и авантурата“ е во рамките на тематски приоритет 2 – Развој на одржлив туризам и заштита на природното и културното наследство.
„Министерството за локална самоуправа, како институција надлежна за спроведување на прекуграничните програми со сите соседни земји, продолжува активно да работи на отворање нови можности за искористување на финансиската поддршка што Европската Унија ја става на располагање за регионален развој, интеграција и соработка“.
Македонија
Николоски – Тигањ: Фокус на Владата се инфраструктурните проекти, регионот може да напредува преку економската соработка
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ.
На средбата Николоски ја потенцираше можноста за интензивирање на економската и трговска соработка меѓу Македонија и Хрватска во интерес на двете земји.
Тој ги презентираше инвестициските планови на Владата за изградба и модернизација на патните и железнички Коридори 8 и 10, како дел од европските транспортни мрежи.
Посебен фокус на средбата се стави на изградба на брзата пруга на Коридор 10, како предуслов за брз и ефикасен транспорт на добра кон Централна и Источна Европа, нагасувајќи ја можноста за учество на специјализирани компании од Хрватска во реализација на овој проект.
Двајцата говорници разменија и мислења околу актуелните политички прашања во земјава и регионот, евроинтегративниот процес и стабилноста на Западен Балкан.
Вицепремиерот Николоски и амбасадорката Тигањ ги потврдија одличните односи меѓу Македонија и Хрватска и се согласија истите да продолжат да се оддржуваат на високо ниво во интерес на меѓусебната соработка и пријателство меѓу двете земји.
Македонија
26 малолетници затекнати по 24 часот, од нив 14 под дејство на алкохол при контрола во угостителски објект во Свети Николе
Ноќеска во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе, во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи, извршија контрола во угостителски објект во Свети Николе, соопшти МВР.
При контролата, во угостителскиот објект биле затекнати 26 малолетни лица после 24:00 часот, од кои 14 беа под дејство на алкохол.
Според полицијата, по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави против одговорните лица.
„Воедно, од другите ангажирани инспекциски служби утврдени се низа прекршоци за кои ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“.

