Спорт
Ќиро Блажевиќ искрен: Најубаво ми беше таму каде што имаше најмногу пари
Легендарниот хрватски тренер Мирослав Ќиро Блажевиќ покрај тоа што во својата кариера беше на „најлуди“ дестинации и направи големи успеси (од кои секако му се памети третото место со Хрватска на СП во 1998 година), е познат како човек кој секогаш јасно го кажува тоа што му е на умот.
Во поткастот „Инкубатор“, Блажевиќ беше прашан каде му било најубаво да биде тренер – во Хрватска, Босна, Иран или Кина.
„Јас имам свои параметри. Каде беше најдобро? Секогаш таму каде што има најмногу пари. Што се смееш, искрено ти кажувам! Најдобро беше во Кина и Иран поради парите. Тука работев за слава. Во Босна имаше повеќе пари, но не може да се мери со Кина. Таму ми кажаа дека ме чекаат 800.000 долари само да пристигнам“, вели Блажевиќ (од 36:50 на видеото).
Ќиро остана Ќиро – му ѕвонеше телефонот па пцуеше во ТВ-интервју (видео)
Ќиро во свој стил: Среќен сум за Србија, се изначекаа кутрите!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милинковиќ-Савиќ го договорил трансферот во Наполи

Вања Милинковиќ-Савиќ, голманот на Торино, се согласи да се пресели во Наполи.
Договорот помеѓу српскиот голман и актуелниот шампион на Италија треба да биде потпишан до 2029 година.
Според медиумите во Италија, преговорите меѓу клубовите исто така одат во добра насока, па се чини дека нема пречки голманот да се пресели во Неапол. Наполи за трансферот ќе издвои 18 милиони евра.
Во својата кариера, повремениот репрезентативец на Србија ги носеше дресовите на Војводина, Манчестер Јунајтед, Лехија Гдањск, Асколи, Спала и Торино.
Спорт
(Видео) Индијана ја декласира Оклахома, изедначи на 3:3 во финалето

Индијана Пејсерс изборија мајсторка за титулата во НБА лигата. Пејсерс го изедначија резултатот во финалната серија на 3:3, откако ги победија Оклахома табдер со 108:91.
И двата тима се борат за првата титула шампион на НБА, а за прв пат од 2016 година ќе се игра мајсторка во финалето.
Решавачкиот меч е закажан за понеделник во 2 часот наутро по средно европско време во Оклахома.
Индијана до победата ја предводеше Оби Топин со 20 поени, Ендру Нембхарт уфрли 17, додека Паскал Сиакам додаде 16 со 13 скока.
Повредениот Тајрис Халибартон забележа 14 поени и пет асистенции.
Во тимот на Тандер, Гилџес-Александар имаше 21 поен, Џејлен Вилијамс додаде 16, додека Ајзеа Џо со 11 и Изеа Хартенштајн со 10 поени исто така беа двоцифрени.
Спорт
(Видео) Ботафого го шокира ПСЖ, Атлетико лесно се справи со Сиетл

Атлетико Мадрид го победи Сиетл со 3:1, а Ботафого го шокира ПСЖ во второто коло на Светското првенство за клубови.
Централна фигура на дуелот меѓу Атлетико и Сиетл беше Пабло Бариос. 21-годишникот постигна два гола во победата 3:1. Бариос погоди во 11. и 55.минута. Гол за Атлетико постигна и Витсел во 47., а единствениот гол за Сиетл е дело на Русник во 50.минута, по грешката на Ле Норман.
Во вториот меч Ботафого го шокира актуелниот европски првак ПСЖ со победата 1:0.
Бразлците славеа со голот на Игор Жесус во 36.минута и со шест бода се лидери во групата.
Во последното коло Ботафого ќе игра против Атлетико, а ПСЖ против Сиетл. За пласман понатаму можно е да биде формиран круг од три екипи.