Свет
Шведски муслимански експерт за интеграција со години пишувал антисемитски објави

Шведски муслимански експерт за интеграција и директор на училиште признал дека со години на интернет давал антисемитски и хомофобични коментари под псевдоним, пренесува „Дагенс Нихетер“.
Во периодот помеѓу 2011 и 2016 година Хамид Зафар напишал многубројни навредливи овјави на разни веб-страници и на платформите на социјалните мрежи и тврди дека тие биле објавени како реакција на инвазијата во Авганистан, каде што е роден, во 2001 година и на Ирак во 2003 година.
„Во ретроспектива гледам на тоа како на многу деструктивен период. Но, така изгледа на социјалните мрежи, има многу мислења и јас бев дел од тоа“, изјави Зафар за шведскиот радиодифузер СВТ.
Зафар, кој работел како експерт за интеграција на десноцентристичката Умерена партија, додаде: „Бидејќи ги преанализирав моите ставови, помислив дека сето тоа ќе излезе на виделина и дека е само прашање на време“.
Според „Дагенс Нихетер“, Зафар објавил неколку коментари, вклучително и еден за една книга за холокаустот наменета за шведските студенти, велејќи: „Целта на книгата е да создаде еден вид колективна масовна психоза во која студентите ги учат колку страшен бил холокаустот“.
Тој исто така зборувал против крајно либералната и про-ЛГБТ шведска црква обраќајќи му се на друг корисникна „Твитер“: „Што вели твојот господар за благословување на содомитите во неговата црква?“
По откритијата, Зафар бил принуден да се повлече од својата улога како експерт за интеграција. Секретарот на Умерената партија, Гунар Штромер, ја коментира ситуацијата велејќи дека претходните изјави на Зафар не ги одразуваат вредностите на партијата.
„Информациите се сосема нови за нас, ги забележавме првпат во медиумите денес. Ставовите се некомпатибилни со вредностите на модераторите“, рече тој.
Според статистичките податоци објавени минатата година од Шведскиот совет за спречување криминал (Бра), антисемитиските напади се зголемуваат во Шведска. Агенцијата навела дека нападите се зголемиле 52 отсто од 2016 до 2018 година.
Мултикултурниот град Малме особено беше критикуван за високото ниво на антисемитизам, а неколку млади членови на еврејската заедница зборуваа за овој проблем минатата година.
„Неизвесноста значи дека не можете да одите на училиште со видлива Давидова ѕвезда затоа што тогаш постои голем ризик да бидете загрозени или некој да ве следи од училиште или дури да ве претепаат“, рече еден локален тинејџер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски бара акција откако Москва изврши над 4.000 напади за една недела врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика меѓународната заедница да преземе акција, по една недела во која биле извршени повеќе од 4.000 руски воздушни напади.
„Москва си дозволува да ги ескалира своите напади, отворено искористувајќи го фактот што светот е фокусиран на обезбедување мир на Блискиот Исток“, напиша Зеленски на социјалната платформа Икс.
„Токму затоа не смее да се дозволи никакво слабеење на притисокот. Санкциите, царините и заедничките акции против купувачите на руска нафта – оние кои ја финансираат оваа војна – мора да останат на масата“, рече тој.
Според него, овој пристап може да го отвори патот кон траен мир за Европа.
„Светот може да го гарантира ова паралелно со мировниот процес на Блискиот Исток“, додаде украинскиот претседател.
Украина долго време повикува на санкции, вклучително и против Кина и Индија, кои се меѓу најважните купувачи на руска нафта.
Русија го интензивираше својот „воздушен терор против нашите градови и заедници, засилувајќи ги нападите врз нашата енергетска инфраструктура“, вели Зеленски. Тој рече дека само во изминатата недела Русија употребила повеќе од 3.100 беспилотни летала, 92 проектили и околу 1.360 едрилички бомби против Украина.
„Вчера во Костјантинивка, дете беше убиено во црква од воздушна бомба“, напиша Зеленски. Властите пријавија вкупно четири жртви во регионот Доњецк, вклучувајќи две во Костјантинивка, и две во регионот Керсон.
Според видеото објавено на интернет од Зеленски, кое прикажува пожари и уништување, Русија цела недела ги покривала со терор регионите Суми, Харков и Доњецк.
Украина сè уште ги бара дополнителните системи за противвоздушна одбрана ветени од сојузниците. „Ни треба силна поддршка од нашите партнери“, се наведува во видео апелот.
Свет
Израел е подготвен за итно ослободување на заложниците, вели Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека „Израел е подготвен за итно примање на сите наши заложници“, според соопштение од Канцеларијата на премиерот, откако беа објавени информации дека ослободувањето на заложниците од Газа може да се случи уште вечерва.
Во меѓувреме, израелски функционер за јавниот радиодифузен сервис Кан изјави дека армијата очекува заложниците да се вратат во Израел до моментот кога американскиот претседател Доналд Трамп ќе пристигне во Израел утре во 9:20 часот наутро.
– ИДФ ги заврши подготовките за ослободување на заложниците и проценува дека сите ќе бидат ослободени пред пристигнувањето на Трамп, изјави изворот.
Медиумите на хебрејски јазик, повикувајќи се на неименувани израелски претставници, јавија дека Ерусалим добил индикации дека Хамас сака да го забрза ослободувањето на заложниците во Газа за вечерва, јави Тајмс оф Израел.
Свет
Папата Лав дели дека договорот за примирје во Газа даде искра на надеж во Светата земја

Папата Лав Четиринаесетти изјави дека договорот за примирје во Појасот Газа „даде искра на надеж во Светата земја“.
Тој ова го кажа во обраќање за време на неговата неделна молитва пред десетици илјади верници собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан.
– Ги охрабрувам сите вклучени страни храбро да продолжат по патот што го избраа, кон праведен и траен мир што ќе ги почитува легитимните аспирации на израелскиот и палестинскиот народ, изјави поглаварот на 1,4 милијарди католици во светот.
Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако првата фаза на прекинот на огнот стапи во сила претходниот ден.
– Повеќе од половина милион лица се вратиле во Газа (Сити) од вчера, изјави Махмуд Басал, портпарол на цивилната одбрана, службата за спасување која работи под надлежност на Хамас.
На снимки објавени од светските медиуми се гледаат Палестинци кои се враќаат во градот Газа, многумина од нив веејќи палестински и египетски знамиња.