Македонија
Без вода делови на Автокоманда, Маџари и Сингелиќ
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради реконструкција на водоводна мрежа од Ф 150 на булеварот Александар Македонски бб, водоснабдувањето ќе биде намалено од 9:00 часот до завршување на дефектот, а со намален притисок ќе бидат корисниците од населбите: Автокоманда, Маџари и Сингелиќ (општина Гази Баба).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Tаравари колабирал и бил пренесен во болница
Министерот за здравство, Арбен Таравари, објави дека колабирал и завршил во болница, откако вчера се споделуваше информација дека доживеал срцев удар.
Таравари утрово раскажа дека му се случил ненадеен колапс и итно бил пренесен во болница.
„Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги се’ уште немаат донесено никакви заклучоци. Сепак, добро сум, со семејството, ќе ги чекаме одговорите на лекарите“, рече Таравари.
Се заблагодари за грижата и добрината на граѓаните.
Македонија
СДСМ реагира: Администрација е претворена во акционерско друштво за вработување на партиските кадри
Изјавите на Мицкоски за деполитизирана и професионална администрација се ништо повеќе од празни зборови кои се целосно спротивни на реалноста што ја креира неговата Влада. Ова е уште еден апсурден обид да се прикаже лажна реалност додека граѓаните сведочат за невидена партизација и злоупотреба на јавната администрација, реагира СДСМ на изјавите на премиерот за јавната администрација.
Од опозициската партија велат дека администрацијата е претворена во акционерско друштво за вработување на партиските кадри.
„Наместо компетентни и професионални кадри за шест месеци Мицкоски ги деградираше професионалците и постави луѓе без никакви компетенции и знаења, а од квалификации поседуваат само партиска книшка на ВМРО-ДПМНЕ. Досега видовме систематско прекршување на процедурите, поставување на три заменици директори во Царина, поставување на директор на АНБ спротивно на законот, поставување на раководители без соодветни квалификации. Јавната администрација стана заробеник на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните се оставени да се борат со бавни услуги, хаос и нефункционалност. Како може Владата, која отворено игнорира закони и критериуми за назначување кадри, да ветува „вреднување на трудот“?“, велат од СДСМ.
Додаваат дека јавната администрација мора да биде сервис за граѓаните, а не алатка за партиски интереси, а за тоа потребни се конкретни дела: итна департизација, санкции за корумпираните функционери и воспоставување јасни и транспарентни критериуми за вработување и напредување во администрацијата.
Скопје
Комунална хигиена-Скопје подигна 𝟨𝟢 кубни метри отпад од диви депонии во текот на изминатото деноноќие
Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во скопските општини Кисела Вода, Центар, Ѓорче Петров и Чаир.
На улицата Димо Хаџи Димов во општината Кисела Вода се подигнати 10 кубни метри непрописно одложен отпад од картонска амбалажа. Во општината Центар се расчистени неколку диви депонии лоцирани на булеварот Партизански одреди и улицата Даме Груев.
Интервенирано е и кај црквата Св.Ѓоргија во месноста Криви Дол, зад скопското Кале, каде што е отстранета дива депонија од самиот влез во црквата.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден подигнаа и приближно 20 кубни метри кабаст отпад одложен долж булеварот Македонско-косовска бригада во општината Чаир, како и 15 кубни метри мешан комунален отпад и автомобилски гуми одложени на улицата Борис Сарафов во скопската општина Ѓорче Петров, извести Комунална хигиена-Скопје.