Општество
Анкета: Нема „фантоми“ во избирачкиот список веруваат 60 отсто испитаници
ВМРО-ДПМНЕ е партија со најголема доверба кај граѓаните на Македонија, а најголема поддршка има и нивниот лидер, Никола Груевски, Катица Јанева работи против владејачката партија и нема „фантомски“ гласачи, покажа анкетата на Институот „Димитрија Чуповски“.
На претстојните предвремени парламентарни избори на 5-ти јуни, 39,2 отсто од испитаниците својот глас ќе го дадат за владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а опозициската СДСМ има поддршка од 14,9 отсто од испитаниците. Не знаат за кого ќе гласаат 29,5 отсто.На Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, му веруваат 39,5 отсто од испитаниците, а на опозицискиот лидер Зоран Заев, довербата му ја даваат 7,3 отсто, Радмила Шекеринска од СДСМ заработи 0,4 отсто доверба, Бранко Црвенковски, поранешниот лидер на СДСМ има доверба од 3,6 отсто, а Стевчо Јакимовски од ГРОМ 2,2 отсто. Сепак, на никој не му веруваат 15,4 отсто од испитаниците, а не знаат на кој да веруваат 27,4 отсто.Дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева работи независно и професионално веруваат 20,4 отсто, а дека работи по налог на одредени домашни и странски фактори со цел да наштети на ВМРО-ДПМНЕ веруваат 60,1 отсто.Дека постојат многу гласачи „фантоми” на избирачкиот список со чија помош се нарушува изборниот процес и се местат изборите во полза на власта веруваат 23,1 отсто, а дека „во Македонија нема „фантоми” како што се виде и со проверката на списокот, туку тоа е само изговор за изборните порази на опозицијата“, сметаат 61,2 отсто од испитаниците. На прашањето „Што сметате дека е поверојатно да биде крајната цел на САД и ЕУ во однос на политичката криза во Македонија: 1 . Демократизација и владеење на правото одговориле 22,2 отсто од испитаниците, а дека е Притисок за промена на уставното име, мислат 63,8 отсто.Анкетата е направена од 30 март до 2 април 2016 година, телефонски од Институтот Димитрија Чуповски на примерок од 1.275 испитаници со цел да ги дознае ставовите на граѓаните за повеќе актуелни прашања во политичкиот живот во Република Македонија. Истражувањето е спроведено на ниво на Република Македонија, во сите шест изборни единици, со вклучување на повеќе демографски карактеристики на населението како пол и возраст, како и рурални и урбани места на живеење. Бидејќи целта на анкетата беше да се дознаат перцепциите на граѓаните за двете најголеми партии во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во анкетата не беа вклучени испитаници Албанци, со оглед дека тие генерално гласаат за етничките албански партии. Другите помали етнички заедници биле дел од анкетата.Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2,4 отсто./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

