Спорт
Џесика Андраде влезе во историја на УФЦ

Минатата ноќ во Абу Даби се одржа борбата меѓу Џесика Андраде и Кетлин Чокагиан.
Бразилката ја совлада Американката со ерменско потекло во самата завршница на првата рунда откако со колено силно удри во стомакот на противничката, по што следуваа серија силни удари и судијата ја прекина борбата.
Со ова Андраде се запиша во историјата на УФЦ како прва жена која остварила победи во 3 тежински категории.
Вкупниот скор во кариерата сега го поправи на 21-8, додека Чокагиан го доживеа четвртиот пораз во 18 бори.
Yet more UFC history for Jessica Andrade, who becomes the first woman to win a fight in three divisions. Vicious body shots get it done tonight. 12 UFC wins overall. She's got a belt at home. Might be a Hall-of-Famer when all is said and done. #UFCFightIsland6 @jessicammapro
— Jon Anik (@Jon_Anik) October 18, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Спектакуларната Швионтек „на велосипед“ до тронот на Вимблдон

Ига Свјонтек го освои првиот Вимблдон во својата кариера на спектакуларен начин. Во финалето ја победи Американката Аманда Анисимова со 6:0, 6:0 за само 58 минути. Швионтек направи пробив на почетокот и од тој момент сè тргна по нејзина волја. Анисимова беше премногу нервозна и никогаш не успеа да ја загрози својата соперничка.
За жал за неа, таа дури и не успеа да се запише на семафорот и натпреварот заврши практично пред да започне. Швионтек сега има четири Ролан Гарос, по еден на Вимблдон и на Отвореното првенство на САД, и ѝ недостасува само трофејот на Отвореното првенство на Австралија за да ја комплетира својата колекција од четири големи турнири.
Спорт
Победник на спринт трката во Заксенрниг е возачот на Дукати, Марк Маркез

Марк направи голема грешка на самиот почеток, веќе во првата кривина. Тој остана на петтото место и на крајот успеа да ја однесе победата престигнувајќи го Марко Бечеки во последниот круг! Марк „надомести“ едно место кога Франко Морбидели, кој во тој момент беше на второто место, излета од патеката, а потоа успеа трпеливо да се пробие до Фабио Куартараро, да го заобиколи и да си даде шест круга за да го стигне Бечеки.
И успеа да го престигне на самиот почеток од последниот круг и да постигне нова победа, десетта во спринт оваа сезона! Бечеки беше вториот, што го бараше Куартарао.
Фабио ди Џанантонио го освои четвртото место, пред Џек Милер и Бред Биндер. Алекс Маркез ја заврши трката на седмото место, Зарко беше осми, Педро Акоста беше деветти. Франческо Бања остана на 12-то место, зад Фермин Алдегер и Мигел Оливеира. Текот на трката Марк Маркез имаше одличен старт, но направи грешка во првата кривина и изгуби три позиции.
Жоан Зарко исто така изгуби позиции, па Марко Бечеки и Франко Морбидели останаа на чело, пред Фабио Куартараро. Маркез заврши на петтото место.
Спорт
Кристал Палас исфрлен од Лигата на Европа, Нотингем Форест „упаѓа“

Европската фудбалска унија го исфрли Кристал Палас од Лигата на Европа и го „префрли“ во Конференциската лига!
УЕФА донесе одлука за исфрлање на Кристал Палас од Лигата на Европа поради кршење на правилата за повеќекратна сопственост на клубови во истото натпреварување. УЕФА, исто така, соопшти дека Кристал Палас може да поднесе жалба до Арбитражниот суд за спорт во Лозана.
Нотингем Форест, кој ја заврши сезоната на седмото место во Премиер лигата, ќе биде во Лигата на Европа.
Џон Текстор, сопственик на Кристал Палас и Олимпик Лион, кои се во подеднакво тешка состојба и моментално слават откако беше уважена нивната жалба против испаѓањето во Лига 2 во Франција, се обиде да ја измами УЕФА согласувајќи се да го продаде својот удел од 41 процент во Кристал Палас. Тој исто така ги искористи истите пари за да се обиде да го реши проблемот со Лион. Проблемот со Лион очигледно беше решен со овие пари.
Продажбата не е формализирана, проверките во Премиер лигата сè уште траат, а секако до тоа дојде предоцна. Рокот поставен од УЕФА беше 1 март.