Црна хроника
Пожар избувнал во маркет на булеварот Партизански одреди

Во скопската полиција, синоќа околу 2 часот по полноќ, било пријавено дека настанал пожар во маркет на булеварoт Партизански одреди.
При тоа биле опожарени два ладилника и дел од стаклото на излогот од маркетот.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пијан возач фатен во Кавадарци

Полицијата синоќа во 23.50 часот на улица „7 Септември“ во Кавадарци го лишила од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило мерцедес со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал Г.Т.. По преземените мерки, констатирано е дека лицето го управувало возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.74 промили алкохол во крвта.
Г.Т. исто така му ја туркал раката на полициски службеник со цел да го спречи да преземе службени дејства. Г.Т. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и член 382 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
Црна хроника
Хашиш најден во Струмица

МВР информира дека вчера во 16.45 часот во Струмица полициски службеници го лишиле од слобода Р.П.(37) од Струмица во чиј дом бил пронајден хашиш.
-При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден хашиш, дигитална вага и дробилка, а при личен претрес на Р.П. било пронајдено полиетиленско ќесе со хашиш. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, наведува МВР.
По документирање на случајот, против Р.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен 61-годишен маж: бил затекнат како предизвикува пожар во скопско Огњанци

Денеска полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во село Огњанци го затекнале 61-годишниот А.Ф. од село Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител.