Свет
Трамп: Демократите го уништуваат американскиот живот и водат во депресија

На политичките митинзи во Мичиген и Висконсин, претседателот Доналд Трамп ја обвини т.н. левица – демократите, дека се обидат да го уништат американскиот начин на живот. Како што потсетува АП, овие земји играа клучна улога во победата на Трамп на изборите одржани во 2016 година, но моменталната состојба не е во прилог на претседателот.
Трамп на своите митинзи ги искара демократите, кои ги нарекува левица, дека сакаат да ја избришат американската историја и вредности. Американскиот претседател рече дека победата на неговиот ривал Џо Бајден ќе доведе до „најголема депресија во историјата на земјата“ и ќе го претвори Мичиген во „бегалски камп“.
„Демократската партија за која некогаш знаевте, веќе не постои“, истакна Трамп.
Тој рече дека Бајден ги стави во опасност граѓаните, без да даде никакви објаснувања за тоа.
Зборувајќи за кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, претседателот предупреди дека Бајден ќе го продолжи нејзиното траење, ќе ја затвори земјата и ќе ја одложи употребата на вакцината, иако здравствените експерти посочуваат дека епидемиолошката состојба во земјата ќе биде многу подобра доколку администрацијата на Трамп реагира побрзо и порешително.
Пораката што Трамп ја испрати на политичките митинзи одржани во две земји од Средниот запад се случува во време кога анкетите на јавното мислење покажуваат дека Бајден е фаворит на изборите.
Трамп продолжи да одржува политички митинзи и покрај заканата од коронавирусот, поради кој беше хоспитализиран неодамна. Претседателот стравува дека може да ги загуби изборите во Мичиген и Висконсин, две држави кои беа клучни за неговата победа во 2016 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски вели дека украинската армија ги продолжува операциите во рускиот регион Курск

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека украинската армија ги продолжува операциите во рускиот регион Курск.
– Нашите сили ги продолжуваат активните одбранбени операции во одредени подрачја на (руските) области Курск и Белгородск, истакна Зеленски.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави Курск е целосно ослободен.
Русија повторно воспостави контрола над Курск. Авантурата на режимот на Киев целосно пропадна, изјави вчера Путин.
Претставници на украинската армија вчера ги демантираа тврдењата на Путин и на Генералштабот на руската армија дека Курск е ослободен.
Свет
Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина

Во текот на ноќта, Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина, соопштија Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина.
Воздухопловните сили објавија на Телеграм дека украинските сили собориле 66 руски беспилотни летала во текот на ноќта.
Во голем број украински региони е прогласена воздушна опасност поради лансирање руски беспилотни летала, вклучувајќи ги Полтавската и Харковската област, Одеса, Киев, Суми, Чернигов, Днепропетровск и Запорожје
Свет
Од денеска за верниците се отвора гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим

Од денеска гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде отворена за верниците, соопшти Ватикан.
Папата, кој почина на 88-годишна возраст на 21 април од мозочен удар, беше погребан вчера во гробница одвоена помеѓу две капели во римската базилика, по церемонија на жалост одржана во Ватикан. Церемонијата на поставување на ковчегот траеше околу половина час.
На погребот во базиликата Санта Марија Маџоре присуствуваа само најблиските, а едноставниот, дрвен ковчег на папата беше пречекан со ѕвона.
На мисата во Ватикан, според официјалните податоци од Ватикан, присуствуваа околу 250.000 луѓе, како и 170 странски делегации. Меѓу нив имаше шефови на држави и влади, монарси, поранешни државници, политичари од Италија и други земји, интелектуалци, уметници. Подоцна, италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози изјави дека најмалку 400.000 луѓе присуствувале на погребот на папата Франциск, собрани на плоштадот „Свети Петар“ и по улиците на Рим.
Целиот настан го следеа околу 2.700 акредитирани новинари.