Свет
(Видео) Се качил на кулата на Трамп во Чикаго и барал да разговара со претседателот

Неидентификуван маж се качил на кулата на Трамп во Чикаго, барајќи да разговара со претседателот на САД и медиумите.
Мажот, на возраст од околу 20-тина години и наводно член на движењето „Црните животи се важни“, се искачил на кулата вчера околу 17:30 часот, висел од јаже и бил таму со часови додека полицијата се обидувала да го убеди да слезе, пренесува „Њујорк пост“.
Полицијата соопшти дека човекот се заканувал дека ќе се самоубие доколку не разговара со Доналд Трамп.
Man threatening to jump from Trump Tower Chicago https://t.co/DtvXNg9sNy
— Jack Posobiec ?? (@JackPosobiec) October 19, 2020
На видеата што се појавија на социјалните мрежи може да се види како човек виси на портокалово јаже, тврдејќи дека е член на движењето и има порака за Трамп.
„Не сакам да умрам, но ако некој се обиде да го повлече ова јаже, ќе скокнам и ќе умрам“, рече човекот.
Како што се наведува, тој се снимал со камера и ги дал тие изјави, а сè било пренесувано во живо на Фејсбук.
„Имам нож. Ако некој го повлече јажето, ќе го пресечам”, рече момчето.
Тој додаде дека ако Трамп вети нешто, тој мора да го исполни пред изборите.
Засега е непознато како завршила ситуацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Авион на „Рајанер“ удри во ограда на грчки аеродром, оштетено крилото

Авион „боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпел оштетување на врвот на десното крило кога удрил во заштитна ограда при движењето на аеродром во Грција. Нема повредени патници или членови на екипажот, а авионот оттогаш е вратен во употреба.
Летот „ФР6080“ на „Рајанер“ полетал од аеродромот „Станстед“ во Лондон вчера во 9 часот наутро. Иако патниците пријавиле дека доживеале турбуленции за време на летот, авионот безбедно слета на меѓународниот аеродром „Каламата“ во 14.24 часот по локално време.
Ryanair flight FR6080 Right winglet hit a fence at Kalamata airport in Greece during taxiing after landing.
The Boeing 737 aircraft had arrived from London Stansted when the incident happened.
Ryanair spokesperson said the aircraft had landed safely, but as it taxied, “the… pic.twitter.com/4cKoHi5Pk8
— FL360aero (@fl360aero) June 19, 2025
По слетувањето на јужната писта, авионот скршнал од пистата кон платформата. За време на движењето неговото десно крило удрило во црвено-бела заштитна ограда и застанало. Фотографиите објавени на интернет покажуваат дека долниот дел од закрилата виси лабаво, делумно одвоен од остатокот од структурата.
Свет
Ирански нуклеарен научник убиен во напад во Техеран, тврдат израелските медиуми

Ирански нуклеарен научник е убиен во напад во Техеран, објавија израелските медиуми.
Нападот, според државната телевизија „Кан“ и други локални извори, се случил во иранската престолнина.
Ни Техеран ни Тел Авив сè уште официјално не ги коментирал тврдењата, но Израел и претходно, за време на конфликтот, нападна нуклеарни научници.
Свет
Макрон: Нападите врз цивилите и инфраструктурата мора да престанат, Иран мора да се врати на преговорите

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нападите врз цивили и цивилна инфраструктура во тековниот конфликт меѓу Израел и Иран мора да престанат.
Макрон ја даде изјавата пред новинарите по пристигнувањето на аеромитинг во близина на Париз.
„Франција со денови има јасна и едноставна позиција: нема оправдување за напади врз енергетски објекти и цивили“, рече Макрон.
Тој додаде дека Иран мора да ја покаже својата подготвеност да се врати на преговарачката маса.