Регион
Србија влезе во црвената корона-зона, има 30 заболени на 100.000 жители

Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), во последните 14 дена во Србија има 30 заболени лица на 100.000 жители, што значи дека е официјално влезена во црвената корона-зона.
Според важечките параметри, сите земји со помалку од 15 пациенти на 100 000 граѓани се во зелената зона, жолтата е од 15 до 30 заразени на 100 000, црвената од 30 до 50 и сè што е над тоа припаѓа на виолетовата зона.
Имајќи предвид дека во наредните денови се очекува натамошен раст на бројот на заразени, според членовите на Кризниот штаб за борба против Ковид-19, не е исклучено Србија во одреден момент да стигне до виолетовата зона, пишува белградскиот весник „Блиц“.
За да има над 50 заразени лица на 100.000 жители, потребно е дневниот број на новоинфицирани лица да биде поголем од 350.
Податоците на ЕЦДЦ за бројот на заразени на 100.000 жители најчесто се користат за утврдување на епидемиолошката состојба во една земја, односно дали се препорачува патување во неа, односно дали на државјани на одредена земја им е дозволено да влегуваат во земјите на Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.