Спорт
Ред бул ѝ понудиле место во Ф1 на Линдзи Вон, но не смее да остане бремена!
Во необично интервју, легендарната американска скијачка Линдзи Вон тврди дека ѝ било понудено да вози во Формула 1 од страна на Ред бул рејсинг, но дека таа не сакала да се обврзе поради барањето на австриската компанија да не остане бремена во следните три години.
Вон освои четири титули од Светскиот куп во алпско скијање и беше златна во спуст на Олимпијадата во 2010 година во блескава кариера, која ја прекрати поради низа повреди. Сега во интервју со Греем Бенсингер таа вели дека, по тестирањето Формула 3,5 болид на Ред бул во Шпилберг, во 2016 добила понуда да вози во Формула 1.
„Беше фантастично, но имав тенденција да одам пресилно во кривините. Не смеев да го уништам болидот кој чинеше милиони долари. Дури размислувам да отидам во Формула 1 и да бидам тркач. Но, не можев бидејќи тие бараа да се посветам три години, да не останам бремена, да не правам други работи. Не сакав да го направам тоа, а тие бараа целосна посветеност. Тие ми кажаа дека ако не успеам во Формула 1, ќе ми дадат да возам во НАСКАР. Парите се луди! Еден Формула 1-возач добива пари колку што во скијањето има за цела сезона. Сигурно Луис Хамилтон заработува повеќе пари од сите скијачи на светот“, открива Вон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норис прв ќе стартува во спринт трката, Антонели втор, Пајстри трет
Ландо Норис го освои првото место во квалификациите за спринт на Големата награда на Бразил во Сао Паоло.
Британецот во Мекларен блескаше во квалификациите, првото место го избори со резултат 1:09.243. Норис моментално е лидер во шампионатот.
Второто место изненадувачки го освои Андреа Кими Антонели зад воланот на Мерцедес, додека Австралиецот Оскар Пјастри, колегата на Норис заврши на третото место. До него ќе стартува возачот на мерцедес Џорџ Расел.
Макс Верстапен, актуелниот шампион, беше само шести, иако имаше најдобро време во првиот сектор, потоа направи грешка, па ќе стартува зад Фернандо Алонсо кој имаше одлично квалификации со Астон Мартин.
Спринтот е закажан за сабота во 15 часот. Главната трка ќе се вози во недела од 16:30 часот.
Спорт
Ваноли ја презеде Фиорентина
Паоло Ваноли официјално стана шеф на стручниот штаб на Фиорентина.
Ваноли потпиша договор до крајот на оваа сезона, а постои можност договорот да се продолжи за уште една година доколку раководството биде задоволно од работата на тренерот.
Ваноли е човек кој веќе бил на стадионот „Артемио Франки“, играл како фудбалер за Фиорентина од 2000 до 2002 година, одиграл 61 натпревар, постигнал три гола.
Овој стручњак нема клуб откако го напушти Торино ова лето, а интересно е што беше под договор со „биковите“ до 2026 година, а го раскина дури вчера.
Сега немаше повеќе проблеми и пречки, па Ваноли е новиот тренер на Фиорентина.
Да ве потсетиме дека тој ќе го замени Стефано Пиоли кој немаше добар почеток во Фиренца. Во првите десет рунди, Фиорентина не забележа победа и со само четири бода се наоѓа на последното место во Серија А.
Во својата кариера, Ваноли ги водеше италијанските репрезентации до 16, 18 и 19 години, Спартак Москва, Венеција и Торино.
Спорт
Познато е кој ќе игра во НБА Европа
Челниците на НБА Европа ги открија првите работи поврзани со ова натпреварување.
Џорџ Ајвазоглу, директор на НБА Европа, во интервју за „Газета дело Спорт“ откри дека овој проект ќе започне во октомври 2027 година.
Во првата година, лигата ќе има 12 тима од: Рим, Милано, Лондон, Манчестер, Париз, Лион, Мадрид, Барселона, Берлин, Минхен, Атина и Истанбул.
Грција и Турција би дале по еден клуб, а Италија, Англија, Франција, Шпанија и Германија по два. Сè уште не е познато дали ќе се формираат нови тимови или ќе се активираат некои постоечки.
„Моментално, има многу дискусии за екосистемот и градовите на учесниците, како и за тоа како изгледаат арените во кои ќе играат. Разговараме со претставници на постоечки тимови, фудбалски тимови кои немаат свое име во кошарката, а ќе има и градови од кои ќе почнеме од почеток. Ќе биде полуотворено натпреварување. Формат со 16 тима, од кои 12 се постојано таму, а четири доаѓаат од Лигата на шампионите на ФИБА“, вели Ајвазоглу.

