Спорт
Редок пораз за Федерер – не собра доволно гласови во родниот Базел!

Обидот да се преименува главната спортска арена во Базел по најславниот спортист што излегол од швајцарскиот град, Роџер Федерер, не успеа бидејќи кампањата не можеше да собере доволно потписи.
Обвинувајќи го коронавирусот за неуспехот, неговите фанови собраа само 1.200 потписи од потребните 3.000 за да се предизвика гласање за предлогот арената „Санкт Јакобсхале“ да биде преименувана во арена „Роџер Федерер“, но неговите навивачи не се обесхрабрени, јавува швајцарската новинска агенција АТС.
Во Швајцарија преименувањето улици и други објекти по јавни личности обично се прави постхумно, а навивачите на Федерер од 2012 се обидуваат да ја преименуваат халата каде што се игра тенискиот „Свис Индорс“, а каде што Федерер лани победи 10-ти пат. Сега тие петицијата ќе ја предадат на кантоналните власти во Базел по што ќе се донесе политичка одлука.
39-годишниот Федерер порасна во предградието каде што се наоѓа арената, а како тинејџер помина две години како собирач на топчиња и сега по секој турнир, организира забава со пица за момчињата и девојчињата што ја имаат оваа улога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Салиба нема да го напушти Лондон

Дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба, изјави дека би сакал да остане на „Емирејтс“ и следната сезона.
Арсенал успеа да го продолжи договорот со партнерот на Салиба, Габриел Магаљаеш, кој и понатаму ќе биде во тимот предводен од Микаел Артета од клупата.
Салиба по победата на Арсенал над Њукасл како дел од подготвителниот натпревар пред новата сезона рече.
„Да, се надевам. Секако, во моментов нема конкретни преговори, но има добра комуникација помеѓу мојот менаџер и клубот. Ќе видиме“.
Салиба ја започна својата кариера во Сент Етјен, а потоа се пресели во Арсенал во 2019 година, но ги помина следните три години на позајмица во Сент Етјен, Ница и Марсеј.
Фото/ Принскрин
Спорт
Синер го отпуштил Паники поради „долгиот јазик“

Откриена е тајната зошто Јаник Синер ги отпушти фитнес тренерот Марко Паники и физиотерапевтот Улисес Бадио само три дена пред почетокот на Вимблдон.
Како што тврди „Кориере дела Сера“, Паники во разговор со некои новинари открил дека Синер плачел во соблекувалната 15 минути по сензационалниот пораз во финалето на Ролан Гарос.
За потсетување, светскиот број 1 водеше со 2:0 во сетови против бранителот на титулата Карлос Алкараз, потоа имаше три врзани меч топки во четвртиот сет но Купот на мускетари повторно му припадна на Шпанецот.
Она што особено го вознемири Италијанецот беше тоа што Паники открил дека плачел не само поради пресвртот, туку и поради фактот што париската публика беше со Алкараз.
Паники, кого Синер претходно го критикуваше дека има „долг јазик“, не знаеше како да ја чува оваа тајна, а најдобриот тенисер на светот го обвини за тоа. Според истите извори, Бадио бил колатерална штета. Дојдоа во пакет, си заминаа во пакет.
Синер веќе најдезамена, го врати Умберто Ферара, фитнес експерт кој беше вмешан во скандал со допинг поради кој беше суспендиран три месеци.
И Паники веднаш најде работа, почна да работи со Холгер Руне. Нема сомнение дека и Бадио брзо ќе најде нова работа, ако веќе не го сторил тоа, бидејќи е врвен експерт во својата област. Тој го докажа тоа повеќе од еднаш во својата работа со Новак Ѓоковиќ.
Foto/ „X“
Спорт
Гвардиола: После Сити, правам пауза, можеби 15 години!

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, објави дека, по престојот во „Етихад“ Сити, ќе направи пауза од фудбалот, потенцијално и до 15 години.
„Знам дека кога ќе ја завршам оваа фаза со Сити, ќе престанам, тоа е сигурно. Одлуката е донесена“, изјави Гвардиола за GQ Spain.
Договорот на Гвардиола со Сити истекува во 2027 година, и иако тој не кажа директно дека ќе замине тогаш, тој нагласи дека неговата одлука да направи пауза не е спорна.
„Не знам колку ќе трае паузата… една година, две, три, пет, десет, петнаесет – не знам. Но, ќе заминам по ова поглавје бидејќи морам да застанам и да се фокусирам на себе, на моето тело“, рече Шпанецот.
Гвардиола, кој пристигна на „Етихад“ во 2016 година, досега освои 18 трофеи со клубот, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и првата Лига на шампиони во историјата на Сити во сезоната 2022/2023.
Сепак, минатата сезона беше многу предизвикувачка бидејќи клубот заврши без трофеј, прв пат откако Гвардиола го презеде тимот.
„Поминав четири или пет месеци оваа сезона слушајќи 60.000 луѓе на гостувања како скандираат: „Ќе бидеш отпуштен наутро“. Нема друга професија каде што толку многу луѓе јавно сакаат да бидеш отпуштен.“
Последната сезона на Сити беше обележана со повреди, а освојувачот на „Златната топка“ Родрио ги скина предните вкрстени лигаменти во септември.
Тимот го имаше своето најрано испаѓање од Лигата на шампионите од сезоната 2012/2013 и заврши на третото место во Премиер лигата.
„Не беше толку лоша сезона. Игравме во финалето на ФА Купот, завршивме трети… не завршивме дванаесетти. Но, имавме 13, 14 натпревари без победа, тоа никогаш не ни се случи. Дури и кога победувавме, не мислев дека сме нешто посебно“, рече Гвардиола.
Манчестер Сити ја отвора новата сезона во Премиер лигата на 16 август против Вулверхемптон.
Фото/ Принскрин