Македонија
(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик
Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот Зоран Заев во своето поздравно обраќање на вториот ден од Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)”.
„Со години сум покровител на оваа конференција за македонскиот јазик и секогаш е задоволство да се биде тука со вас, дури и во вонредни околности како што е оваа пуста пандемија“, рече Заев.
Според Заев, токму ваквите меѓународни конференции испраќаат силна поддршка за негување на нашот македонски јазик.
„Оваа Влада искрено и силно е посветена да го негува и унапредува македонскиот јазик. Нашиот јазик е нашиот идентитет. Токму затоа Владата го прогласи 5 мај за Ден на македонскиот јазик. Македонскиот јазик како рамноправен со сите светски јазици се користи слободно секаде низ целиот свет. Посебноста на македонскиот јазик е впишана во личната карта на нашата држава“, изјави Заев.
Тој порача граѓаните да бидат чувари на македонскиот јазик, бидејќи јазикот сме сите ние.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи
Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот за возачките дозволи.
„Поднесена кривична пријава против двете лица од Битола кои се закануваа дека ќе тепаат и убиваат полицајци доколку се обидат да го спроведат законот. Очекуваме обвинителството од Битола веднаш да постапи на истиот начин како што постапува против нас и уште утре да побара притвор за овие лица. Доколку ова не се случи во најкус можен рок, нека бидат сигурни дека нивното не постапување нема да остане незабележано“, велат од синдикатот.
Едниот од пријавените се извини на социјалните мрежи дека упатувал закани. Рафет Мемишовски на снимката вели дека бил изнервиран и под стрес затоа што полицијата му го одзела автомобилот на неговиот братучед, поради тоа што немал возачка дозвола. Тој неколкупати повторува дека таквото однесување нема да му се повтори и вели дека повеќе нема да се заканува.
Граѓани во Битола, Штип и Прилеп неделава протестираа со блокади на патиштата на кои палеа гуми и дрва, реагирајќи затоа што им биле одземени возилата затоа што немале возачки дозволи.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

