Економија
Бектеши – Мартенс: Германските компании планираат да ги прошират своите инвестиции, ако останат истите услови за работа
Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска се сретна со директорот на Делегацијата на германското стопанство на Северна Македонија, Патрик Мартенс.
Тема на состанокот беа мерките коишто ги донесе Владата за поддршка на компаниите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата, како и плановите за работа на германските инвеститори во земјава.
„Германските компании се едни од најголемите инвеститори во Северна Македонија, а ние како Влада сме во континуиран дијалог со бизнис-заедницата со цел мерките кои ги носиме за поддршка на бизнисот да се усогласени со потребите на компаниите. Како Министерство за економија сме подготвени веднаш по донесување на ребалансот на буџетот да почнеме со реализација на мерките од четвртиот сет мерки коишто се во наша надлежност“, потенцираше министерот Бектеши.
Тој информираше дека на барање на странските инвеститори, Министерството за економија заедно со сите економски ресори во Владата работат интензивно на усогласување на царинските давачки во земјата со оние на Европската Унија, што ќе значи олеснување на работата на компаниите во земјава, пред сè од автомобилскиот сектор.
„Радува фактот што господинот Мартенс ме информираше дека повеќе германски компании се заинтересирани да отворат нови фабрики во Северна Македонија, но и дека голем дел од постоечките германски инвеститори планираат проширување на своите инвестиции во земјата“, потенцираше министерот.
Директорот на Делегацијата на Германското стопанство во Северна Македонија, Патрик Мартенс, кажа дека за компаниите во моментов најголем приоритет е предвидливоста во планирањето и правната сигурност.
„Германските компании коишто работат во Северна Македонија, но и во Германија се соочуваат со проблеми во работењето предизвикано од пандемијата. Трговската размена меѓу Северна Македонија и Република Германија пред кризата ги сруши рекордите и достигна ниво од 4,4 милјарди евра, но како резултат на кризата сега доживува пад. Никој од нас не е сигурен кога ќе заврши пандемијата, но она што можам да кажам е дека добиваме позитивни сигнали од германските компании коишто работат во Германија и германските компании коишто работат во Северна Македонија. Тие сметаат дека штом ќе заврши пандемијата и доколку останат овие услови за работа и во иднина планираат да ги прошират своите активности и да ги зголемат своите инвестиции, дури има и интерес од нови инвестиции“, кажа Мартенс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)